Booking.com

Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите е промовирана на 23-тата седница на Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство во 1971 година, па така 21 Март се слави и одбележува како Светски ден на шумите.

Генерално собрание на Обединетите нации ја има прогласено 2011 година за Меѓународна година на шумите, со што укажала на значењето на одржливото стопанисување, зачувување и одржливиот развој на сите видови шуми.

Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите е промовирана на 23-тата седница на Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство во 1971 година, па така 21. март се слави и одбележува како Светски ден на шумите.
Светскиот ден на шумите се одбележува со цел да се промовира свеста за значењето и вредноста на шумскиот покривач. Овој ден, ширум светот се одбележува со едукативни акции за заштитата на шумите, производство на садници, пошумување на голини и рекреација во шума.

Со цел да го истакне значењето на шумите и екосистемот, како и влијанието на опстанокот на човештвото, Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство, го одбра денот на пролетната рамнодневица на јужната Земјина хемисфера, односно денот на есенската рамнодневица на 21. март за Ден на шумите.

Шумите заземаат 28% од површината на Земјата, односно околу 4 милијарди хектари и по своите содржини се разликуваат од другите екосистеми. Шумите гледајќи од аспект на актуелните климатски промени, претставуваат најголема фабрика за кислород, неопходен за живиот свет на Земјата. Претставуваат извор на храна и суровини на голем дел од жителите на Земјата, поволно влијаат на климата, режимот на водотеците и ја штитат земјата од ерозија. Во последно време се зема предвид и социјалната улога на шумите, нејзините општокорисни функции и важноста по здравјето на луѓето.

Токму затоа овој ден треба да биде врежан во свеста на луѓето за заштитата на шумите како добро од општествено значење. Но за жал, има и несовесни, па со непланско и диво сечење на шумите се нарушува рамнотежата во природата. Според проценката на стручњаците, од површината на земјата, годишно исчезнуваат околу 16 милиони хектари, што се должи на постојано расчистување на шумите за создавање на слободен простор за нови населби и земјоделски површини, фабрики и сообраќајници. Со уништувањето на шумите настануваат еколошки промени со големи последици, пред се климатски промени, промени на земјиштето и климата и исчезнување на некои видови животни.

Ова го издвоивме за вас

Бугенвилија – украсна ползечка грмушка за балкони и тераси

Бугенвилијата или Бугенвилеја (лат.Bougainvillea) е прекрасно растение кое најчесто се одгледува како…

Како се произведуваат украсни дрвја и грмушки во расадници?

Расадниците се посебно определени површини на кои преку специјални агротехнички мерки и…

Туја смарагд – најпопуларниот четинар во дворовите

Туја смарагд (лат. Thuja occidentalis ‘Smaragd’) е еден од најубавите и најодгледувани…

Јапонците измислија бонсаи дрво со вградена вештачка интелегенција?

Бонсаи не е само вид на дрво, туку уметност во одгледување на…
Loading...