Booking.com
Сезоната за уживање на отворено започна, а наскоро целото слободно време ќе го поминуваме во нашите градини…

Крајно време е да размислиме како да го декорираме надворешниот простор. Доколку преферирате модерни парчиња на мебел, тогаш оваа колекција е како создадена за вас. Меѓутоа, доколку сметате дека модерниот мебел е премногу досаден, тогаш мораме ви го свртеме вниманието дека грешите. Поточно, ќе останете изненадени од неговите прекрасни форми и линии кои создаваат ведри текстури.

Дрво, бетон, камен – тоа се модерни материјали кои се користат при креирање на впечатлив дизајн во различни бои. Креирани се удобни тапацирани делови и материјали кои се перат многу лесно. Ова е прав начин за создавање на практичен мебел кој ќе биде идеален за ектериерот.
Столиците се неизоставен елемент во било која надворешна површина, бидејќи не завземаат премногу простор и може да се вклопат на секое место, па дури и на мал балкон.

Удобните столчиња и скулптурални фотелји со смели дизајни, можат да создадат удобен и гостопримлив простор. Колекцијата што ја гледате во нашата галерија, се опремени со такви компоненти, кои може да ви дадат дополнителна инспирација при креирањето на надворешниот амбиент за уживање во топлите пролетни денови, кои наскоро ќе бидат заменети со пријатни и ѕвездени летни вечери.

ПРОЧИТАЈ: Тренди мебел за тераси и градини
ПРОЧИТАЈ: Идеален градинарски мебел со врвен италијански дизајн
ПРОЧИТАЈ: Градинарски мебел од ратан

 

Loading...