Booking.com
Со топијарно обликување може да се добијат најразлични фигури, од наједноставни, геометриски – коцка или топка, па сѐ до сложени зелени скулптури на луѓе и животни…

Пирамидална форма

Пирамидална форма на крошната се создава на тој начин што на висина од 30 cm се отстрануваат сите странични гранки со цел да дојдат до израз терминалната гранка и најблиските до неа. За да се добие симетрична пирамидална форма и да се обликува густа крошна, треба да се скратат или отстранат гранките кои спречуваат развојот на крошната да добие пирамидална форма.
Кај иглолисните видови дрвја крошните не се обликуваат, бидејќи кај нив формата на крошната е пирамидална, и се оставаат да растат природно. Во текот на растењето се отстрануваат само исушените или заболените гранки. Во случаи кога на садницата има два врва (две терминални гранки), послабата гранка се сече, а се остава да расте посилната гранка.

Топчеста форма

За да се добие топчеста форма, треба да се отстрани терминалната гранка со цел да се овозможи растење на страничните гранки. Периодично се сечат краевите на гранките 1/3 до 1/4 од должината за да може да се развијат внатрешни пупки, а на тој начин да се добие густа топчеста форма на крошната, со многу гранки, листови цветови.
За формирање на овој вид крошна е потребно дрвото да има светлина од сите страни.

Спирална форма

Спиралните форми се формираат со кроење или шишање во вид на спирала. Спиралните облици кај чемпресот се добиваат со виткање на лента во саканиот облик. На местата под лентата се врши отсекување на гранките. Готовиот формиран облик во текот на сезоната треба да се поткаструва повеќе пати, во зависност од брзината на растење.

Чадореста форма

За да се формира чадореста форма, потребно е да се отстрани терминалната гранка, исто како кај топчестата форма, со таа разлика што на долната страна на крошната се пуштаат гранките со најголема должина, а нагоре гранките се пократки, и на тој начин се добива чадореста форма.

Жална форма

Кај растенијата што треба да имаат жална форма на крошната се отстрануваат терминалната гранка и гранките до неа, а се пуштаат да растат страничните гранки чиј правец е надолу.

ПРОЧИТАЈ: Начини на производство на садници со посебна техника на поткастрување – топијарење

 

Loading...