Booking.com

Кога во пејзажната архитектура и парковска мода започнало да се бара геометриски правилни леи со жива ограда, поткастрени „под конец“, кога се сметало дека убавината треба посветено да се негува – сето тоа не можело да се замисли без шимширот.

hortikultura.mk_simsir_buxus_sempervirens_2

An English know garden with a half timbered manor house in the background

Шимширот или зеленика (Buxus sempervirens) спаѓа во групата на бавнорастечки зимзелени грмушки и мали дрва, кои растат до висина од 1 метар или во форма на мало дрво, меѓутоа може да достигне и висина до 15 метри. Најраспространет е во Јужна Европа, Западна Азија и Северна Африка.
Листовите се заоблени и кожести, кај повеќето видови се мали, со должина од 1,5-3 см и широчина од 0,3-2,5 см, но долги и до 11 см и 5 см во ширина. Цвета од февруари до април и мај.

Иако е прилагодлив на секакви типови на почва, сепак најдобро е да се сади на добро дренирани почви. Преголема влажност на почвата може да предизвика оштетување, па дури и угинување на растението. Никогаш немојте да го садите на места каде почвата е постојано влажна. Добро успева на сончеви, но и на засенчени позиции. Редовното залевање е многу битно кај младите садници. Во текот на годината шимширот треба да се прихрани еднаш до двапати. Прво се прихранува на пролет, а вториот пат крајот на јуни или почетокот на јули. Со честата резидба се отстрануваат поголемиот дел од лисјата и поради тоа е потребна прихрана.

hortikultura.mk_simsir_buxus_sempervirens_4

hortikultura.mk_simsir_buxus_sempervirens_5

Во првите неколку години потребно е да се врши редовна резидба за да се постигне добра разгранетост. Постарите растенија се кастрат неколку пати годишно. Резидбата се врши од март до октомври кога растот е засилен. Во зависност од сложеноста на обликот што сакаме да го постигнеме зависи и бројот на кастрења. Обичните форми се кастрат 3-4 пати годишно, додека кај посложените облици тој број е зголемен.

Се размножува со семе, но во пракса претежно се размножува вегетативно, со резници. Резниците се земаат во јули или август од добро развиени растенија. Најквалитетни се врвните резници долги 10-15 см. Добро поднесува ниски температури.

Шимширот најчесто се користи како жива ограда, топијар (украсно поткастрување) и за формирање на лавиринти во формални градини.

hortikultura.mk_simsir_buxus_sempervirens_6

hortikultura.mk_simsir_buxus_sempervirens_7

Loading...