Booking.com
Сезоната за одмори се ближи, а многумина од нас летниот период ќе го поминат покрај море, додека некои ќе се повлечат во некоја своја викендица…

Доколку и вие сонувате за викендица со ваков дизајн, тогаш ова е совршена идеја за вас. Cocoon Modules произведуваат префабрикувани викендици од транспортни контејнери, кои се претворени во модерни станбени единици за авантуристи, со додатна сигурносна опција или може да им послужи на луѓе кои трагаат по идеален дом во природа.

Оваа викендица е потполно модуларна и може да се поместува на друго место (доколку е потребно). За нејзина конструкција се потребни шест недели, што ги прави далеку попристапни со цена во однос на некои други префабрикувани модели. Компанијата која ги креира, успеала да ги намали трошоците за 50% од сите други конвенционални методи за градење на ваков тип на станбени единици.

Освен тоа, кога ја дизајнирале мислеле и на енергетската ефикасност, па поради тоа креирале и кровна градина врз овој транспортен контејнер, со која ќе се заштеди и на енергија. Зелениот кров ќе ја задржува топлината во текот на зимата, а во лето ќе го лади. Кровот се состои од разновидни декоративни треви со помал раст и декоративни каменчиња.

Ентериерот поседува сè што е потребно и што може да се види во сите други регуларни домови со иста големина, со доста голем простор за складирање и прекрасни дрвени детали. Со големата лизгачка врата, оваа викендица делува поголема и пружи совршен поглед на пејзажот. Поголем дел од мебелот е мултифункционален и креиран за да се искористи максимално просторот.

На крајот е сместен просторот за спиење, а од остатокот на ентериерот е одвоен со дрвен гардеробер, кој е доволен во него да се смести целата облека. Тука се и вградните елементи, со стаклени ѕидови кои овозможуваат непречено уживање во погледот. Нешто подалеку е сместен трпезарискиот простор, со аголно поставен клупа, комфорни полици над неа и мала маса.

Другиот дел на оваа викендица се состои од мало купатило со лавабо, тоалет и голем туш простор, обложен со бетонски плочки заради додатна функционалност.

ПРОЧИТАЈ:  Како се проектираат и изведуваат зелени кровови или кровни градини?
ПРОЧИТАЈ:  Кровна зелена градина во куќа во Виетнам
Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...