Booking.com
Во летниот период, кога заминуваме на море, доаѓаме во контакт со преубави медитерански градини. Но, дали знаевте дека медитеранските градини имаат посебни барања кон условите каде вегетираат…

Доколку имате своја медитеранска оаза, тогаш мора и да се грижите за неа. Повеќето медитерански растенија не бараат некоја преголема нега, поднесуваат сонце и суша, меѓутоа и тие растенија треба да се залеваат, прихрануваат, да се отстрануваат прецветаните цветови, да се следи појавата на некои болести и веднаш да се реагира, да се отстрануваат механички оштетените делови од растението, а доколку е потребно и да се употребуваат инсектициди и фунгициди за заштита од инсекти и болести.

Зимзелените растенија во првите 2-3 години бараат посебна нега, посебно во топлите летни денови, бараат залевање и прихрана во пролет и есен и треба да се следи дали се појавила некоја болест на растението.

Доколку имате сезонско цвеќе, тогаш треба да знаете дека тоа бара поголемо внимание и другите медитерански растенија, бара секојдневно залевање, прихранување еднаш седмично и режење на прецветаните цветови.

ПРОЧИТАЈ:  Откријте ги тајните на медитеранските градини (ФОТО)
ПРОЧИТАЈ:  ЕГЗОТИЧНА ЛАВАНДА ВО ДВОРОТ
ПРОЧИТАЈ:  Величенствениот медитерански чемпрес

 

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...