Booking.com
Со почетокот на топлото време и високите температури, многу брендови започнаа трка во понудата на мебел за екстериери…

Компанијата „RH“ ја претстави својата колекција на мебел со елегантен дизајн, вкус и стил. Оваа колекција спаѓа во групата на луксузен мебел за екстериери. Најновата колекција е наменета за градини, дворови и тераси за претстојнава летна сезона.

Архитектонската сензибилност и совршена изработка, ја дефинираат најновата линија на производи на шпанскиот дизајнер Марио Руиз. Сите парчиња од колекцијата се дизајнирани со симетрични и остри линии кои создаваат скулптурална и геометриска композиција.

Новата линија на мебел за екстериери се состои од софа, маса, столици, фотелја и удобни лежалки наменети за просторот околу базенот, а материјалите кои се користат при изработката на мебелот варираат од алуминиум, па сè до плетени прачки, која е традиционална техника при изработка на некои типови на градинарски мебел.

ПРОЧИТАЈ: Тренди мебел за тераси и градини
ПРОЧИТАЈ:  Совршен мебел за уживање во топлите денови

 

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...