Booking.com
Може да се рече дека денес сите сакаат да имаат убаво уреден двор кој лесно се одржува. Таков двор, кој лесно се одржува, си бара специфични растенија и материјали. Ако можете да си дозволете професионален градинар или фирма која професионално ќе ви го одржува дворот, тогаш можете да си планирате било каков двор или градина.

Меѓутоа, доколку мислите дека можете сами да си го одржувате дворот, тогаш морате темелно и детално да ги разгледате сите аспекти на градината. Градините можат да бидат едноставни, како и многу сложени за одржување. Тоа не зависи од самата градина, туку од нашата перцепција за тоа како треба да изгледа.

Да речеме дека тревникот во дворот го косите 3-4 пати годишно. Во тој случај вие немате тревник, туку цветна ливада. Затоа, наш совет е косењето да го вршите барем еднаш во неделата.

Доколку имате едноставна градина, може да извршите само една интервенција во пролет и една во есен и на тој начин ќе го обновите она што претходно сте го запоставиле. Поедноставно кажано, треба да извршите прихрана на растенијата и кроење. Доколку имате овошки, пожелно е превентивно зимско прскање против болести. Косењето на тревникот одзема многу време – колку помала површина на тревник, толку повеќе слободно време.

Најголемиот дел од работите во градината и трошоците за одржување отпаѓаат на тревникот. Ако намената на тревникот е со туристичка намена, тогаш морате да го косите еднаш неделно, а за приватни градини 2-3 пати месечно. Двапати годишно треба да го прихранувате и аерирате, да ја отстраните мртвата трева и да го аерирате со валјак со шилци.

Иако одржувањето на градината бара многу напор, сепак вистинските љубители на убави дворови и градини, никогаш нема да се одречат од ваквото задоволство.

ПРОЧИТАЈ: Како правилно да го косиме тревникот?

ПРОЧИТАЈ: Како се одржуваат медитерански градини?

 

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…
Loading...