Booking.com

Доколку сте вљубеници во хортикултурата, меѓутоа ограничениот простор во градината ве спречува да уживате во вашето хоби, тогаш постои решение за вашиот проблем…

Не се баш сите привилегирани да имаат дополнителен простор во кој ќе го поминуваат своето слободно време. Постојат многу луѓе кои имаат мали балкони, тераси или дворови. Меѓутоа, ова не значи дека не можете да уживате во убавините што ги нуди секоја градина. Само треба да бидете малку покреативни.

Ќе се одушевите кога ќе дознаете дека креативните вертикални градини се совршено решение за сите проблеми кои произлегуваат од ограничениот простор. Постојат безброј растенија кои можат да се посадат во вертикални линии, а кои зафаќаат само 10% од вкупниот простор.

Можете да искористите неколку олуци, да ги пресечете на два дела и да ги прикачете на ѕидот на кој ќе ја поставете вертикалната градина. Може да изберете различни растенија – ползавци, винова лоза. Исто така, набавете неколку теракотни саксии во различни големини, така што секоја следна ќе биде помала за 8 см од претходната, поставете ги една во друга и започнете со пополнување на празниот простор меѓу нив.

ПРОЧИТАЈ: Идеи за вертикални градини

ПРОЧИТАЈ: 16 предлог идеи за вертикални градини

 

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...