Booking.com
Овие растенија многу лесно се одржуваат и моментално се голем тренд во светот, а кога ќе помине летото и есента, лесно ќе се прилагодат на затворениот простор во домот…

Имаат дебели месести листови и многумина често ги мешаат со кактусите, меѓутоа тоа се сукуленти. Нивната способност да ја акумулираат водата во стеблото или корењата на подолго време, ги прави слични на кактусите. Меѓутоа, во неколку фамилии на кактуси, како што се Cactaceae, Agavacaee и Crasulaceae постојат и видови на сукуленти.

Сукулентите, како и кактусите, бараат сонце и не толку често залевање со вода (исклучок е само летниот период). Поголем број на сукуленти имаат заштитен слој од восок на површината на стеблото и листовите, кој им помага да ја задржат влажноста. Поради овие својства, тие се многу прилагодливи и не треба многу труд околу нив за да успеат.

Сукулентите се одличен избор за почетници. Предноста кај нив е што многу лесно се прилагодуваат на внатрешниот простор во домот или канцеларија и успешно презимуваат. Може да се одгледуваат како собни растенија – начинот на одгледување е скоро ист како и кога се засадени на балкон или тераса.

Идеално место за одгледување на сукулентите е јужната страна, која е цел ден изложена на сонце. Доколку не им одговара местото, тогаш го менуваат обликот и се издолжуваат. Тоа значи дека нема доволно светлина и треба да ги преместите на посветла позиција. Во текот на летото бара почесто залевање, но мора прво да чекате почвата да се исуши за повторно да ги залеете.

Доколку му ставате премногу вода, листовите ќе омекнат, ќе добијат посветла боја и потоа ќе пожолтат. Најдобро е да се садат во посебна земја за сукуленти, а на дното од садот во кој ќе се садат, да се постави дренажен слој, за да може водата да се исцеди преку земјата. За да биде што повеќе дренирана, во земјата додадете песок. Ѓубрењето се врши во текот на пролетта и летото.

ПРОЧИТАЈ: Зошто сукулентите се толку популарни?

ПРОЧИТАЈ: Sempervivum | Чувар на куќата

ПРОЧИТАЈ: Познатиот зебра сукулент │ Haworthia attenuata

Loading...