Booking.com

Белата или обична ела (лат. Abies alba) е четинарски вид на дрво кое припаѓа на фамилијата на борови (Pinaceae). Достигнува висина до 60 m и пречник на стеблото до 1,5 m. Расте рамно, како свеќа, а крошната има пирамидална форма во помлада фаза, додека пак во повозрасна фаза, врвот станува рамен. Во природата е распространета по планините во средните, јужните и западните делови на Европа.
Кај возрасните растенија, кората е белосива и пука во форма на аглести лушпи. Шишарките се долги 10-20 cm, а зрелите шишарки се распаѓаат на стеблото. Цвета од април до јуни.

Се размножува со семе или вегетативно, а животниот век на дрвото е над 600 години. Белата ела расте на почви богати со хумус, а може да се сретне и во планински предели до 1500 m надморска висина. Добро поднесува сенка, а не поднесува сув воздух, ниту суво земјиште, ниту рани и касни мразеви. Не го поднесува градскиот загаден воздух.

Поради ова, без обзир на својата декоративност, не е препорачливо да се сади во јавните паркови. Денес се користи најмногу како градежно дрво, целулозно дрво, за изработка на столбови, мебел, шиндри за покрив и сл.

Познато е како роденденско дрво, а во Европа, заради својата убавина и пријатен мирис се користи како божиќно дрво.

Белата ела претставува симбол на смелост и искреност. Од смолата се добива терпентин, а младите иглици собрани во зима и рано напролет се богати со витамин Ц и може да се користат како чај (свежо набрани).

Исто така, се користат и како лек во медицината и за добивање на етерично масло кое делува антисептично и се користи за искашлување на слуз, за бронхитис, настинка, ревматизам и артритис. Се користи и како додаток на купките за ублажување на болки при ревматизам и ишијас, а се употребува и при изработка на лосиони за чистење на кожата.

ПРОЧИТАЈАризонски чемпрес
ПРОЧИТАЈАРАУКАРИЈА │ Чилеански бор
ПРОЧИТАЈСмрчата како новогодишна елка
Ова го издвоивме за вас

Бугенвилија – украсна ползечка грмушка за балкони и тераси

Бугенвилијата или Бугенвилеја (лат.Bougainvillea) е прекрасно растение кое најчесто се одгледува како…

Како се произведуваат украсни дрвја и грмушки во расадници?

Расадниците се посебно определени површини на кои преку специјални агротехнички мерки и…

Туја смарагд – најпопуларниот четинар во дворовите

Туја смарагд (лат. Thuja occidentalis ‘Smaragd’) е еден од најубавите и најодгледувани…

Јапонците измислија бонсаи дрво со вградена вештачка интелегенција?

Бонсаи не е само вид на дрво, туку уметност во одгледување на…
Loading...