Booking.com
Газанијата е идеална за садење во градината, за камењари или во вази кои би требало да бидат поголеми, бидејќи има поголем корен. Се употребува за садење на сончеви позиции, тераси и балкони, а сенката им одговара само во касните попладневни часови.

Газанијата (лат. Gazania) е ендемично растение од тропските и суптропските предели на Јужна Африка. Овој род содржи околу 16 видови од кои некои се едногодишни, а некои повеќегодишни. Кај нас најчесто се одгледува како едногодишно растение, а во пределите од каде потекнува е повеќегодишно. Бидејќи потекнува од тропските предели на Јужна Африка, не ги издржува зимските температура кај нас, па поради тоа замрзнува, но во приморските краеви често презимува. Во зима треба да се прекрие со суви лисја за да не се оштети од мразот.

Бојата на цветовите варира од бела, кремаста, жолта, златножолта, портокалова до темноцрвена и бледо до темно виолетова, пругасти или со темен прстен во средината на цветот. Може да се појават и неколку варијации од овие бои. Цветовите стојат на цветни дршки со висина до 25 см и се затвораат при тмурни и облачни денови и во предвечерието. Затоа не се погодни како режано цвеќе. Цветовите се слични на маргаритките.

Во природните средини на Јужна Африка може да цвета секоја година, додека кај нас се одгледува како едногодишна, бидејќи не е отпорна на ниски зимски температури. Само во потоплите краеви, каде зимските температури се секогаш над 0°C и каде нема премногу влажна зима, некои видови на газанија може да се одгледуваат и повеќе години континуирано. За да имате здраво растение, со убави цветови, потребна е температура од 24°C. Најниската ноќна температура не смее да падне под 10°C. Здравите растенија ќе цветаат на секоја температура над 10°C.

Може да ја посадите во градината, во сандаче или саксија која треба да биде малку поголемa бидејќи има голем корен. Цвета од април до октомври.

Газанијата бара директна сончева светлина, бидејќи помала светлина значи и послабо цветање и растение кое би било понеотпорно на штетници и болести. Преку лето, растението треба добро да се залева, а почвата се остава добро да се засуши пред повторно да се залева. Правилно одгледаните растенија се поотпорни на суша. Растението се сади во лесна, песоклива и добро дренирана почва. Прихранувањето се врши со течни ѓубрива на секои 2 недели, а со отстранување на прецветаните цветови се продолжува периодот на цветање и се зголемува бројот на цветови. Се сади на растојание од 25-30 cm бидејќи бусенот брзо се шири.

Се размножува со семе или ако презимила може рано напролет да го поделите коренот. Семето од газанија се сее кон крајот на зимата или почетокот на пролетта, во мешавина на тресет и песок и при температура од 20°C семето ќе прорти во период од 2 недели. Возрасните растенија може да се размножуваат со основни резници или со делење на коренот при крајот на летото или рано наесен. Така размножените растенија презимуваат во стакленик.

Штетници и болести – Растението треба редовно да се контролира за да навреме се спречи појава на штетници, како што се трипс или пајачиња и врз основа на тоа треба да се применат соодветни инсектициди. Најчести болести се сива мувла, трулеж на долниот дел од стеблото или коренот, како и пегавост на листовите, особено при одгледување во стакленици и при преголема влажност на супстратот во кој расте. Инаку, растението е доста отпорно кога се одгледува на отворено.

ПРОЧИТАЈ: Како да се подготвите за одгледување на сардела во зимски услови?

ПРОЧИТАЈ: БЕГОНИЈА: Кралица на екстериерот

ПРОЧИТАЈ: Жалфија | Ароматично растение за вашите градини и балкони

Loading...