Booking.com
Ја нарекуваат и тропска убавица поради својата колоритност и елеганција. Многу популарно растение поради својот облик и боја на листови, кои даваат посебна нота на секој ентериер и екстериер.

Кордилината (лат. Cordyline) е род на растенија кој опфаќа околу 15-тина различни видови, зимзелени грмушки и дрвенасти видови. Води потекло од тропските делови на Јужна Америка, Австралија и Азија. Видот Cordyline fruticosa (syn. Cordyline terminalis) потекнува од Азија, а видот C. australis потекнува од Нов Зеланд. Сите припаѓаат на фамилијата Agavaceae. Еден од поомилените видови е Cordyline fruticosa ‘Red Edge’ – со кармин-црвени листови. Кај видот Cordyline fruticosa ‘Tricolor’ има и жолта боја.
Името кордилина потекнува од грчкиот збор „kordyle“, што значи клуб или друштво, а се однесува на дебелиот корен на некои видови.

Стеблото на кордилината потсетува на палма. Во својата матична земја може да порасне неколку метри, а собните растенија околу 60 см. Кордилината не расте брзо – околу 10 см годишно. Во зависност од видот, листовите може да бидат виолетиви, црвени, розеви, бели или жолти.
Цветаат само повозрасните, стари растенија, а жолто-белите ѕвездести цветчиња се појавуваат на долго стебленце во текот на летото. Близок сродник им се драцените, па често ги мешаат. Се разликуваат по коренот, кордилината има бел корен со изданоци, а драцената жолт без изданоци. Постојат неколку видови, а попознати се: Cordyline terminalis (syn.Cordyline fruticosa), C.australis, C.stricta, C.pumilio, C.volkartii, C.glauca и C.congesta.

Сите видови кордилина (освен оние со темнозелени листови кои поднесуваат и послаба светлина) бараат многу светлина за да дојде до израз бојата на листовите. Прилагодливи се, па во лето може да ги чувате и надвор, но да не бидат директно изложени на најсилните сончеви зраци кои ќе им ги изгорат листовите. Кога листовите ќе почнат да бледеат, треба да се отстранат.
Сите егзотични видови на растенија, посебно оние со тенки листови во становите со централно греење, почнуваат да се сушат и да им паѓаат листовите. Главна причина е сувиот воздух. Поради тоа, треба да се полеваат редовно, но умерено преку целата година, а оросување на листовите се прави постојано, особено во зима ако се во просторија со централно греење. Не треба да се дозволи растението да стои во вода, ниту пак целосно да се исуши. Се прихранува 1-2 пати месечно во периодот од март до крајот на август.

Кордилината бара светло и топло место. Не поднесува јако попладневно сонце и во тој период треба да ја заштитите од директните сончеви зраци, бидејќи ќе предизвика горење на листовите. Најдобро е да се одгледува на вообичаена собна температура. Поднесува ниски температури, но не треба да паднат под 0°C, па затоа треба да се внесат внатре во светла просторија пред појавата на првите мразеви. Сепак, за Cordyline fruticosa температурата во зима не смее да падне под 18°C.
Често пати ја напаѓаат инсекти – пајаци и некои други поситни инсекти кои се хранат од листовите и дополнително ги сушат. Треба повремено да се врши проверка и да се прска со некои акарициди – „omite” или „sanmite“.

Се размножува многу лесно, со изданоци кои излегуваат од коренот, врвни изданоци, меѓутоа може да се размножува и со семе. Се пресадува секоја втора или трета година, во март или април, во саксија поголема за еден број или во жардиниера и се чува во градината до појава на првите мразеви. Треба да се внимава да не се оштети коренот при пресадувањето, бидејќи е многу осетлив. Ако растението е издолжено, без долните листови, може да се пресече во пролет. Стебленцето се расекува на висина 10 см од тлото. После тоа, за кратко време, од долниот дел на стебленцето ќе израснат нови листови.

ПРОЧИТАЈ: ДРАЦЕНА: Тропско собно цвеќе

ПРОЧИТАЈ: Негa на палми во ентериери

ПРОЧИТАЈ: Урмина палма (Phoenix dactylifera)

Ова го издвоивме за вас

Нова гвинеја: Цвеќе кое е атракција за секој балкон

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со…

Куќна среќа: Билка која носи радост во домот

Куќната среќа наоѓа примена во стаклени мини градини или терариуми. Уште е…

Форзиција │ Украсна грмушка отпорна на загадување и ниски температури

Добро го поднесува загадениот воздух и ниските температури, па затоа често се…
Loading...