Booking.com

Дрвенастиот еониум е сукулент од фамилијата Crassulaceae и до сега се познати преку 20 видови. Води потекло од подрачјето на Средоземно море, домородна билка е на Канарските острови и Мадеира. Своето име го добила по својот изглед и хабитус, бидејќи асоцира на мало дрво (зборот „арбореум“ значи „слично на дрво“).

Попознати видови се: Aeonium arboretum – Висок вид кој може да нарасне до 1 метар, има две сорти: една која има зелени листови и друга со црвени листови. Двете сорти, кон крајот на зимата добиваат мали жолти цветови во вид на грозд.
A. arboreum – понизок вид кој нараснува до 50 см. Листовите се сино-зелени и имаат запци по рабовите. Познати вариетети на овој вид се: Aeonium arboreum var. atropurpureum, Aeonium arboreum var. holochrysum и Aeonium arboreum var. rubrolineatum.
A. tabuliforme е поинаков вид, со округли листови кои се прекриени со мали влакненца.

Сите овие видови бараат сончево и суво место за одгледување и со ниска влажност на воздухот. Имајте го тоа на ум кога ќе бирате кои растенија ќе ги поставете покрај нив. Залевањето се врши во пролет и лето, само кога супстратот е сув. Во зимскиот период се залеваат само кога листовите ќе покажат знаци на исушеност. Во зима издржува на температура до 10°С. Цвета од јануари до февруари или во текот на летото.

Растението не бара премногу ѓубрење и тоа може да се направи 2-3 пати во текот на пролетта и летото, додека во зима не е потребно прихранување. Ѓубривото со кое ќе го прихранувате, треба да биде богато со азот.

Доколку сакате сами да го размножете растението, тогаш направете го тоа за време на пролетта. Листовите за размножување ќе ги оставете 1-2 дена за да се исушат, а потоа се ставаат во смеса од глина и песок. Исто така, земете млади изданоци или млада резница која ќе ја ставете во супстрат за кактуси или земја помешана со песок. Супстратот треба да биде влажен, а просторот за одгледување треба да е топол, редовно да се оросува растението додека не пушти корен. Кога садницата цврсто ќе се вкорени, посадете ја во поголем сад.

Постарите растенија на дрвенастиот еониум се пресадуваат на неколку години во ист или поголем сад, доколку е потребно. И, се разбира, мора да се пресадуваат во специјален супстрат за кактуси и сукуленти.
За да го заштитите од инсекти, треба да користете инсектициди, меѓутоа најдобро е да користете биолошките мерки, бидејќи сите овие растенија не ги поднесуваат баш добро хемиските средства.

ПРОЧИТАЈ: Зошто сукулентите се толку популарни?

ПРОЧИТАЈ: Познатиот зебра сукулент │ Haworthia attenuata

ПРОЧИТАЈ: Како правилно се размножуваат кактусите и сукулентите?

Ова го издвоивме за вас

Спатифилум │ Елегантна собна билка за прочистување на воздухот

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во…

Нова гвинеја: Цвеќе кое е атракција за секој балкон

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со…

8 видови на цвеќиња со кои ќе уживате во летото

Уживајте во летното задоволство со мирисот на прекрасните цвеќиња… Некои видови на…
Loading...