Booking.com
Добро го поднесува загадениот воздух и ниските температури, па затоа често се користи и во градските паркови и приватните дворови низ Македонија.

Форзицијата (лат. Forsythia) е листопадна грмушка со потекло од Кина, Јапонија и Кореја, но некои видови успеваат и во Европа. Името го добила според англискиот ботаничар William Forsyth кој живеел во 18-ти век. Луѓето ја препознаваат како предвесник на пролетта кога цвета со прекрасни жолти цветови, т.е. цвета во март и април.

Во цветовите на форзицијата може да уживате и во текот на зимата. Соберете ги во пупка и ставете ги во вода на топло место, па така ќе почнат да цветаат. Препознатлива е по жолтите цветови, меѓутоа во Азија може да се сретне и во бела боја.

Расте од 2-3 m, а многу ретко и до 6 m во висина, 1.5-2 m во ширина, а на годишно ниво нараснува од 30-60 cm. Висината и формата може да се менува со резидба која треба да се изврши после цветањето. Со тоа ќе ги намалете густите гранки, ќе ги отстранете старите гранки и ќе поттикнете нов раст на млади изданоци кои на пролет ќе бидат исполнети со цветни пупки. Така се овозможува доток на повеќе воздух до коренот, а со тоа подобар развој на растението.

Ако не се кастри ќе изгледа запуштено, а сувите гранки ќе го забават цветањето. Февруари е месецот кога се врши резидба на украсните грмушки, но тоа не е случај со форзицијата или јапонската дуња, бидејќи форзицијата е вид којшто цвета пред листање, па со резидбата ќе ги скратете цветните пупки и на тој начин ќе го спречете цветањето. Значи, се режат после цветањето!

Цветовите траат 3-4 недели, а се развиваат на гранки од претходната година. Денес постојат видови кои цветаат до јули, во сите тонови на жолта боја, меѓутоа и бела и розова.
Се сади поединечно или во помали групи со други грмушки. Се сади на сончеви позиции, но може и на полусенка. Многу обилно ќе цвета ако се посади во богата хумусна земја. Може да се одгледува и како стебло, но тогаш треба да е посадена на идеално место.

Ако се посадат повеќе садници една до друга и убаво се обликуваат, тогаш може да се одгледува и како жива ограда.

Не бара некој посебен режим на наводнување. Треба да се залева редовно, но со помало количество на вода. Не бара премногу влажна почва, но не сака ни подолг период да биде без вода.

Многу лесно се размножува, така што за кратко време може да добиете поголема количина на брзорастечки растенија. Се размножува со резници, т.е. млади зелени гранки кои треба се пресечат во доцна пролет и рано лето, по прецветувањето или на крајот на зимата, пред да се појават првите цветови. Друга можност е резниците да се земат во периодот помеѓу јануари и февруари. Резниците треба да се долги 20-30 cm, а секоја да има најмалку 4 пупки. По садењето 2 пупки треба да бидат над земјата. Кога ќе зажилат резниците не треба се пипкаат до периодот на мирување, бидејќи пресадувањето тогаш ќе биде најдобро.

Втор начин на размножување е со положени гранки во летниот период. Потребно е гранката да се свитка, лесно да се спушти на земјата, да се прицврсти со жица и на крај да се прекрие со земја. Целиот процес треба да се одвива внимателно и да не се оштети гранката. Следната пролет се одвојува од матичното растение, бидејќи ќе има развиен корен и ќе биде спремна за пресадување. Може да се размножува и со делење на коренот во касна есен.

Постојат два вида на форзиција кои се одгледуваат како украс: Forsythia intermedia и Forsythia suspensa. И двете цветаат рано напролет со жолти цветови. Се одгледуваат и заради својата отпорност. Forsythia suspensa е крупна грмушка со побледи цветови.

ПРОЧИТАЈ: Кордилина │ Тропска убавица која наликува на драцена

ПРОЧИТАЈ: Романтичната страна на Гарденијата

ПРОЧИТАЈ: Кралица на цвеќињата: КАМЕЛИЈА

Ова го издвоивме за вас

Спатифилум │ Елегантна собна билка за прочистување на воздухот

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во…

Нова гвинеја: Цвеќе кое е атракција за секој балкон

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со…

8 видови на цвеќиња со кои ќе уживате во летото

Уживајте во летното задоволство со мирисот на прекрасните цвеќиња… Некои видови на…
Loading...