Booking.com
Одморот на отворено е многу релаксирачки, дури и во зима, кога времето е постудено, но главната цел е да се создаде простор со стилски предмети кои ќе го претворат во поудобно и потопло место…

Со доаѓањето на зимата, нашите тераси и балкони стануваат пуст остров и не им придаваме доволно внимание, без оглед на временските услови. Ќе ви претставиме неколку идеи за поудобен екстериер и совршени зимски тераси или балкони.

Зимски балкони

Балконите се генерално мали простории кои си бараат одреден мебел и декор. Сè што може да се внесе во таков скромен простор се неколку столици, клуб маса или ако дозволува просторот, постојат функционални софи и фотелји за екстериери.
Прекријте ги вашите столици и други вид на мебел за седење со перници и ќебиња, по можност вештачко крзно и волна, за да се создаде поголема комоција во текот на студените денови. Ламбите и свеќниците може совршено да го осветлат вашиот надворешен простор или преносниот камин кој е најдобро решение доколку имате поголем простор. Поставете теписи и неколку покрупни елементи, за да го подгответе балконот или терасата за престојното зимско уживање.

Зимски тераси

На терасите може да се смести многу повеќе мебел отколку на балконите, од гарнитури до трпезарија. Изберете мебел кој одговара на вашиот стил, дрвени клупи или столици, софи или аголни гарнитури.
Откако сте одлучиле каков мебел ќе поставете, покријте го со вештачко крзно, плетени материјали и перници. На тој начин, вашата тераса ќе изгледа доволно гостопримлива.

Терасата треба да има камин или некој друг вид на греење во текот на зимата, со цел да се создаде позитивно расположение и атмосфера, а доколку просторот е доволно голем, тогаш е можно да се вклучат повеќе грејни тела. Не заборавајте на расветата – можете да внесете различни видови на осветлување, во зависност од тоа дали посакувате романтична атмосфера или обично дневно уживање.

ПРОЧИТАЈ: Како до совршен балкон?

ПРОЧИТАЈ: СКАНДИНАВСКИ БАЛКОНИ

ПРОЧИТАЈ: Лесен начин да си направете вертикална градина

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...