Booking.com

Интернет магазинот Hortikultura.mk се најде во групата на најдобри сајтови во државава и повторно е номиниран во 5 категории во изборот за „Сајт на годината“. Номинaциите се во категориите: најдобар сајт за 2018 година, најдобар забавен сајт, најдобар сајт за вести и информации, најдобар мобилен сајт и најдобар сајт за мода и убавина.

Гласањето од интернет посетителите започна на 24.11.2018 и ќе трае заклучно со 09.12.2018. Гласањето може да го направите на следниов ЛИНК и да се пријавите со вашата е-пошта. Откако ќе го направите тоа, на истата е-пошта ќе ви пристигне линк за гласање, на кој можете да ги доделите гласовите во конкретната категорија. Од една е-пошта може да се гласа само еднаш.

Секој посетител може да додели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

Прогласувањето на најдобрите сајтови ќе се одржи на 13.12.2018 година во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје во 18 часот, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците во секоја категорија.

„Сајт на годината“ е манифестација која по деветти пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk.

Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

ПРОЧИТАЈ: Најубави божиќни украси за вашата градина

ПРОЧИТАЈ: Едноставен начин да направете елка од сукуленти

ПРОЧИТАЈ: Зимски балкони и тераси за пријатно уживање

Loading...