Booking.com

Дали си замислуваш Божиќно патување кое ќе биде толку магично, како и самата магија која го носи овој празник?

Празниците се толку блиску, па поради тоа ви презентираме уникатно искуство – Божиќ во луксузен хотел и историски места, како што е овој француски замок во близина на Париз.
Уживајте во спа третманите и луксузните апартмани на замокот Château de Vaux-le-Vicomte кој зрачи со историја, префинетост и карактер.

Патувањето започнува со пристигнување во Париз, каде што сите патници ќе бидат сместени во луксузен хотел, со можност да посетете и видете некои од најпознатите историски локалитети и културни знаменитости на градот, како што се Ајфеловата кула, Лувр и крстарење на Сена.
Бадникарската вечер гостите ја поминуваат во веќе споменатиот замок Château de Vaux-le-Vicomte од 17-от век, кој бил изграден од Nicolas Fouquet, подоцна министер за финансии на Луј XIV. Архитектурата и декорот на самиот замок е инспириран од палатата во Версај.
Магијата на Божиќната вечер започнува со јадење подготвено од главниот шеф на кујната готвачот Jérôme Banctel. Тој е носител на две Мишелин ѕвезди, а после тоа, гостите се возат во кочија околу прекрасните градини на замокот.
На првиот ден од Божиќ, посетителите продолжување со уживање во сите благодети на хотелскиот спа центар.
Апсолутен дијамант меѓу замоците во Франција, чека на вас, за да ви пружи незаборавно искуство во декември.

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...