Booking.com

Традицијата на украсување на домот пред Нова година и Божиќ е нешто што ги радува и постарите и помладите …

Оваа традиција на украсување, во нашата земја секогаш се остава во последен момент, па се случува да главните плоштади заблескаат само неколку дена пред дочекот на Нова година, а често и многу од нашите пријатели чекаат до попладневните часови на 31 декември за да ги украсат своите домови! А да не зборуваме дека истите тие плоштади светат дури и три месеци по завршувањето на празниците.

Будимпешта, Виена, Рим, Париз, Лондон, Њујорк веќе на големо се украсуваат и ги најавуваат претстојните празници, бидејќи нема ништо подобро од радоста на исчекување. Значи, ако имате деца, започнете полека со подготовките во вашиот дом или стан. Тоа ќе донесе празнична атмосфера која ќе ги израдува сите членови на семејството, особено најмладите.

Зошто секогаш во последен момент купувате подароци? Имате цел месец пред вас. Погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се. Бидете креативни и имагинативни … Не е неопходно да располагате со голем буџет, бидејќи можете сами да си направите многу украси заедно со децата. Без разлика дали сте љубител на природни елки (ве замолуваме да купувате само елки со бусен) или користите вештачко дрво, без разлика дали имате простор за елки или не…

Решението постои за секого. Елката може да биде направена од хартија, гранчиња кои ќе се наредат на ѕидот и ќе се формира дрво, а потоа додадете сијалички и украси. Ќе блесне со истиот сјај како и традиционалното дрво. Запомнете го ова: правило е дека нема правила! Сè е дозволено при декорација на куќата. Само следете го вашиот стил и трудете се да декорацијата биде во склад со вашиот ентериер. Се разбира, не занемарувајте ги дворовите и терасите, бидејќи и тие придонесуваат во разубавување на целиот град.

Затоа, започнете со купување на неопходните работи, за да создадете празнична атмосфера навреме, без да морате да го оптоварувате буџетот одеднаш.

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

(ФОТО): Идеи за уредување на домот за Велигден

Велигден е на прагот, па веќе е време да започнете со уредување…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…
Loading...