Booking.com

Презафатените вљубеници во градинарството, како и оние што немаат сопствен двор, секогаш ќе најдат начин да посадат некое растение и да го негуваат…

Освен што се практични, микро или мини градините се и визуелно занимливи и ќе ви послужат како декор на полиците во домот или во работната соба.

Минијатурните градини во стаклени тегли или терариуми, започнале да се користат во 19-ти век во Англија, за одгледување на егзотични растенија, кои имаат потреба од топла и влажна атмосфера. Првиот терариум бил направен од забарот доктор Nathaniel Ward, кој ја испитувал трансформацијата на инсектите од ларва, кои биле ставени во стаклен сад, заедно со примерок од почва од градината. После некое време, од почвата започнале да излегуваат мали изданоци од растенија кои опстанале и покрај тоа што садот бил херметички затворен.

Принципот на мини градините се темели на воспоставување на кружен тек на водата и воздухот. Растението, преку коренот ја впива влагата од супстратот, која потоа испарува преку листовите и преминува во воздух. Поради ладењето на ѕидовите на садот, се создаваат капки роса, кои постепено се лизгаат и повторно се враќаат назад во супстратот. Исто така, кружи и јаглерод диоксид и кислород.

Кога растението асимилира, прима вода и јаглен диоксид, а истовремено се ослободува кислород. Истиот кислород, растението повторно го користи за дишење, го преработува, а назад во системот се враќа јаглерод диоксид.

Садење на мини градини

За креирање на минијатурни градини, може да се употребат стаклени садови или тегли со различни форми и големини, со поклопка или без неа. Заради полесна изработка, се препорачува да се земе боца со отвор, кој е доволно широк за садење и непречена нега на растенијата. Потребно е да се користат необоени садови заради подобро пропуштање на светлина.

Пред садењето, стаклениот сад треба добро да се измие, за да се избегне загадување со алги и габи кои се појавуваат во влажна атмосфера. На дното се става слој на каменчиња од околу 2 cm, а потоа се додава супстрат кој е прилагоден за сукуленти, а доколку се садат лиснати растенија, тогаш се додава влажен компост. Потоа, растението треба нежно да го извадете од садот и да го истресете вишокот на земја од коренот и да направете дупка за садење во супстратот и внимателно ставете го растението, а површината околу него нежно притиснете ја со парче плута прицврстено на стапче.

Кај терариумите со лиснати растенија, просторот помеѓу поединечните растенија може да се исполни со мов за да се успори исушувањето на супстратот. На крајот, растението требадобро да се залие со вода, а терариумот да се смести на посветло место, каденема директно да биде изложено на сонце. Доколку садот остане незатворен, требаповремено да се залева за да не дојде до пресушување и изумирање на растението. Сосем затворен терариум бара многу малку вода, но може и без вода.

Избор на растенија за терариум

При избор на растенија, важно е да се земат растенија кои се компатибилни во однос на светлината и влажноста. За терариум, најдобро е да се користат млади растенија, бидејќи коренот е мал, па поради тоа може лесно да се сместат во почвата. Најдобро е да се изберат растенија кои бараат влага и споро растат, како што се: африканска темјанушка (Saintpaulia ionantha), куќна среќа (Helxine soleirolii), бршлен (Hedera helix), сите видови на папрати, Spathiphyllum, Chlorophytum comosuma и многу други. Во терариум успеваат и кактуси и сукуленти.

ПРОЧИТАЈ:  ТЕРАРИУМ │Цвеќе во стаклени топки

ПРОЧИТАЈ:  Како да си направите минијатурна градина во својот дом?

ПРОЧИТАЈ: ИКЕА мини стаклени градини

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...