Booking.com

Најомилена занимација за време на божиќните празници е декорирање на домот…

9 dnevni sobi so boziken dekor

Уникатните божиќни декорации ќе ви донесат радост во домот и ќе ви овозможат една убава, свечена и пријатна атмосфера.

Многу е важно е да се напомене дека секоја соба во куќата треба да биде украсена, со цел да се направи вистинско празнично расположение. Но, можеме да се согласиме дека некои украси и простории се поважни од другите. На пример, дневната соба.

Ова е просторот каде го поминувате поголемиот дел од времето во текот на празниците, каде ги пречекувате вашите гости, па мора да го украсите на најдобар можен начин. Ако се има предвид дека во дневната соба ќе го прославите Бадник, заедно со семејството, ќе ги отворете божиќните подароци, тоа значи дека дневната соба, мора внимателно да ја украсете, за да се создаде совршена празнична атмосфера.

Пронајдовме неколку навистина убаво декорирани дневни соби и решивме да ги споделеме со вас, за да ве инспирирме, доколку сеуште не сте започнале со декорирање.

1. Елегантен декор во дневна соба

Во зависност од стилот на вашата дневна соба, изберете украсни предмети и орнаменти. Можете да изберете само една боја, како златна или сребрена, зелен декор и осветлување. Овие три елементи се доволни за одлична празнична атмосфера.

2. Дневна соба во златни нијанси

Ако сакате да импресионирате со божиќниот декор оваа година, не двоумете се да користите златен декор. Златната боја ќе ја направи вашата дневна соба потопло и посјајно место.

3. Скандинавски божиќен декор

Карактеристичната елка и декор, ќе ви дадат сосема нов изглед во вашата дневна соба. Скандинавскиот декор изгледа екстремно богат и привлечен во многу внатрешни дизајни.

4. Дневна соба со црвен декор

Не можете да погрешете доколку се одлучите за традиционална боја, како што е црвената. Црвената изгледа совршено на зелената елка, во комбинација со црвени ленти. Со цвеќиња и орнаменти, црвеното го надополнува зеленото на убав и уникатен начин.

5. Светло син божиќен декор

Светло синиот божиќен декор ќе донесе препознатлив изглед во вашата дневна соба, со што ќе ја внесе убавината на зимата во неа. Особено, ако вашата дневна соба е во топли или неутрални тонови, тогаш сината ќе ја направи дневната соба пошармантно, поелегантно и поатрактивно место.

6. Шарен божиќен декор

Украсување на вашата дневна соба со шарени декорации, дефинитивно ќе обезбеди весел и пожив дух во текот на празничната сезона. Ако изберете шарено, осигурајте се дека бојата се совпаѓа со ентериерот во дневната соба, така што декорот само ќе ја подобри убавата целина.

7. Рустичен декор

Дневната соба во рустикален стил изгледа чудесно ако е украсена на вистински начин. За рустични дневни соби, најдобро е да изберете традиционален божиќен декор кој изгледа неодоливо, удобно и супер топло.

8. Божиќен декор со сива нијанса

Ова е еден од нашите омилени. Невообичаено е да се види неконвенционална боја за божиќни украси, бидејќи е сива, но ова е доста необично. Сивиот декор во комбинација со сиви плетени додатоци, камин и дрвени ѕидови, создава неверојатен амбиент кој зрачи со стил, топлина и неодолив зимски шарм.

9. Екстравагантен божиќен декор

Не плашете се да експериментирате со бои, текстури и украси оваа сезона. Особено ако имате дневна соба во препознатлива палета на бои. Само напред и разубавете го вашиот животен простор со шарени екстравагантни декорации што ќе создаде “wow” ефект.

ПРОЧИТАЈ: Божиќна декорација и украсување на трпезарија

ПРОЧИТАЈ: Доживејте го Божиќ како од бајка во замок

ПРОЧИТАЈ: Најубави божиќни украси за вашата градина

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…

Декорации за Велигден кои ќе ве направат повесели за празниците (ФОТО)

За да имате поинтересни Велигденски празници, поиграјте си со пролетни цветни фигури…
Loading...