Booking.com

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со прекрасни крупни цветови. Не поднесува директно сонце…

nova gvineja impatiens_1

Нова Гвинеја (лат. Impatiens New Guinea) е атрактивно повеќегодишно растение кое своето име го има добиено според островот од каде потекнува – Нова Гвинеја. Во наши услови може да нарасне од 20-40 cm. Има долгнавести листови прошарани во различни нијанси – зелени, жолти, бронзени, црвени. Цветовите имаат пет ливчиња, кои може да бидат во различни бои – бели, црвени, розови, виолетови и портокалови.

Не поднесува директно сонце, па ако се одгледува на отворено, треба да изберете полусенковито место. Доколку се одгледува како собно растение, треба да изберете место близу прозорец, бидејќи бара светлина. Покрај директното сонце, не поднесува и промаја. Најоптимална температура за одгледување е 18-25°С.

nova gvineja impatiens_2
nova gvineja impatiens_3
nova gvineja impatiens_4

Редовно се наводнува, но не треба да се претера со залевањето, бидејќи може да се појават болести како трулење на коренот или жолтење на листовите. Помеѓу две залевања треба почвата да се остави малку да се просуши. Полевањето на растението е од горе, директно во почва.

За да се забрза цветањето, треба редовно да се прихранува – во пролет и лето се додава водорастворливо ѓубриво – еднаш неделно по 2 грама ѓубриво во 1 литар вода, а во есен и зима по 1 грам на литар.

nova gvineja impatiens_5

Штом во пролет ќе се појават првите топли денови, може да ја изнесете на балкон, но на сенковито место, без оглед на тоа што сонцето не е прејако.

Цвета од крајот на февруари до доцна есен, а доколку ја чувате внатре во домот, ќе цвета и во зима, но сепак ѝ е потребен период од 2 месеци за да добие бујни цветови и следната сезона.

Се размножува во рана пролет со резници, а размножувањето со семе е потешко бидејќи бара соодветна температура и посебна влажност. Се земаат резници со должина 8-10 cm од матичното растение и се држат во вода додека да почнат да пуштаат коренчиња. Садот со вода се покрива со прицврстен целофан со дупчиња во кои ќе се стават резниците. Кога резниците ќе пуштат коренчиња, треба да се пресадат во помали саксии со пречник од 10 cm. Потоа треба редовно да се залеваат и еднаш неделно да им се става поблаг раствор со ѓубриво.

nova gvineja impatiens_6
nova gvineja impatiens_7

Не мора да се сади во поголеми саксии бидејќи има помал корен, а најпогодни саксии се они со дијаметар од 14-16 cm. Се садат во супстрат – тресет за собни растенија и не треба премногу да се притиска почвата, бидејќи на растението му е потребно доволна количина на воздух.

nova gvineja impatiens_8

Од моментот кога ќе се посее, за неколку дена ќе изникне, а за отприлика месец дена растението ќе ги добие првите ливчиња. Кога расадот се пресадува во супстрат, после шест недели треба да се очекуваат првите цветови. Полесно е да се размножува со резници кои мора да бидат влажни додека не се вкоренат.

ПРОЧИТАЈ: Воденика – идеално решение за дизајнирање на градини

ПРОЧИТАЈ: ВЕРБЕНА: Едно е најубавите пролетни цвеќиња

ПРОЧИТАЈ: БЕГОНИЈА: Кралица на екстериерот

Loading...