Booking.com

Зелениот катастар овозможува податоци за јавните зелени површини, од типот, обем и вид на зеленилото, неговата состојба и местоположба…

zelen katastar na grad skopje_1

Град Скопје во соработка со УНДП влезе во напредна фаза од реализацијата на активностите за воспоставување Зелен катастар на јавните зелени површини во градот. Основна цел на овој проект е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото, истакна на денешната презентација скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

За жал, како што рече, години наназад, како последица на градежната експанзија, а во центарот на Скопје како последица на проектот „Скопје 2014“, зеленилото во градот честопати било жртвувано на сметка на новите градежни објекти кои задоволуваа извесни лични, политички и бизнис интереси, но не и интересите на граѓаните кои имаат неспорно право да живеат во здрава животна средина.

Зелениот катастар треба да обезбеди прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, подобро планирање во насока на зачувување на постојното зеленило, поквалитетно одржување и ред други предности – рече Шилегов.

Поради комплексноста на работите, активностите се реализирале во фази. Досега се реализирани активности за геодетско снимање на зелени површини и дрвја, грмушки и парковска инфраструктура. Изработена е и ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на Град Скопје.

zelen katastar na grad skopje_2

– Со геодетското снимање опфатено е зеленило на површина од 650 хектари. Во оваа фаза тоа го опфаќа булеварското зеленило и парковското зеленило што е под надлежност на Град Скопје. Исто така реализирана е т.н. инвенторизација на теренот која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Досега се попишани точно 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Во следните фази предвидено е снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје (јавните претпријатија, јавните установи, средни училишта – нагласи Шилегов.

Во соработка со општините во Град Скопје предвидено е и дополнување на катастарот со зеленилото под нивна надлежност (блоковско зеленило, зеленило под надлежност на основните училишта и градинките). Во најнапредната фаза се предвидува и отворање модул во кој секој граѓанин ќе може да го впише и зеленилото од сопствениот двор.

Шилегов посочи дека оваа интерактивна алатка ќе биде континуирано ажурирана од страна на ЈП „Паркови и зеленило“ со дополнување на новото зеленило и ново насадените дрвја. Потенцира дека во претстојниот период освен садењето нови зелени површини, големо внимание од страна на Град Скопје ќе биде посветено и на заштитата на постојното зеленило. Потсети дека со помош на Шумарскиот факултет работат и на мапирање и ослободување на заробени стебла и корени на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности.

– Зелениот катастар, како и останатите проекти за заштита и унапредување на животната средина на кои е посветена оваа градска администрација се од витално значење за обезбедувањето одржлив урбан развој на градот. Граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во една модерна зелена престолнина која ќе им гарантира квалитетен и здрав живот. Верувам дека со многу ентузијазам и посветена работа сите заедно можеме да го постигнеме тоа, за доброто на сите – рече Шилегов.

ПРОЧИТАЈ: Проект „Париз 2050 – паметен град“

ПРОЧИТАЈ: Романија воведува зелени градини на новите деловни згради

ПРОЧИТАЈ: Ботаничка градина во Минхен: Спој на елеганција и дизајн

Ова го издвоивме за вас

6 растенија кои се бели дробови на нашиот дом

Ние не размислуваме премногу за квалитетот на воздухот во нашиот дом… За…

Кеукенхоф │ Најубавата пролетна градина во светот

Дали некогаш сте виделе градина со повеќе од 7 милиони лалиња, зумбули,…

9 сјајни трикови за декорација на ентериерот со растенија

Со правилен избор на растенија, можете да го декорирате вашиот простор во…

Декорации за Велигден кои ќе ве направат повесели за празниците (ФОТО)

За да имате поинтересни Велигденски празници, поиграјте си со пролетни цветни фигури…
Loading...