Booking.com

Калата (Zantedeschia) е барско растение што потекнува од мочурливите подрачја на Африка, каде што расте како самоникнато растение, речиси како плевел. Меѓутоа, постојат и видови што потекнуваат и од Централна и од Јужна Европа. Постојат повеќе видови што спаѓаат во фамилијата Araceae.
Калата можете да ја сретнете под повеќе имиња. Првото име што и било дадено е Calla, а потекнува од зборот kallos, што значи – убаво.
Zantedeschia е име што потекнува од италијанскиот научник Франческо Зантедескија. Во народниот говор е позната како змијанец. Во Германија е позната како “змиски корен”, според преданијата за обиди за лекување од убод на змија. Може да се одгледува како собно растение во саксија или како растение за режан цвет.

 hortikultura.mk_kala_2

hortikultura.mk_kala_3
Таа е многугодишно тревесто растение што формира корениште или грутка. Од ова корениште израснуваат група листови што имаат месеста дршка, која продолжува во лиска со срцевидна форма, со темнозелена боја и со сјајна површина.
Кај саксиските култури цветоносните стебла одвај достигнуваат 50 см. На врвот од цветоносната дршка се формира соцветие – spatica, кое е обвиткано со прицветник – spatula. Температура што им е потребна е 18 до 20ºС во тек на денот, а во текот на ноќта најмногу им одговара температура од 13ºС .
Бидејќи е барско растение, во текот на целата вегетација има потреба од обилно полевање. Исто така, бара и воздушна влага. Доколку се намали полевањето и почвата барем малку се исуши, растението се инактивира и ја прекинува вегетацијата.
Калата првенствено бара почва што ја задржува влагата, богата со хранливи материи и со тежок механички состав.
Може да се размножува на два начина: од семе или со кртоли и со странични фиданки. Размножувањето е лесно и едноставно. При размножување со семе, растенијата што ќе се добијат ќе цветаат по две години и затоа овој начин на размножување се применува само во научните установи. При размножување со кртоли, растенијата цветаат истата година, а при размножување со странични фиданки цветаат по две години.

hortikultura.mk_kala_4
Постојат повеќе видови кала: Zantedeschia aethiopica (Calla aethiopica) е нежно повеќегодишно растение што формира бел прицветник, па затоа уште се нарекува Calla Lily. Расте крај потоци, канали за наводнување и на влажни почви, во реони со обилни врнежи. Од овој вид се создадени високи вариетети за режан цвет и ниски вариетети за саксиски култури.

Како посебен вид се издвојува Calla palustris или Wild Calla. Позната е уште како “воден арум”. Расте во влажни градини и може да биде корисно растение – ги маскира неугледните делови на плитките базени во градините. Расте во вода и надвор од неа до височина од 20 до 30 см. За нив е потребна мирна вода, затоа што водата што тече ги иритира нивните корени. Цвета во текот на мај и на јуни. Во водата се поставува на 5 до15 см, со листовите над нивото на водата.

hortikultura.mk_kala

 

Ова го издвоивме за вас

Спатифилум │ Елегантна собна билка за прочистување на воздухот

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во…

Куќна среќа: Билка која носи радост во домот

Куќната среќа наоѓа примена во стаклени мини градини или терариуми. Уште е…

Дрво на животот │Како се одгледува ова декоративно собно растение?

Доколку сте љубители на собни растенија, тогаш дрвото на животот е секако…

Како правилно се одгледува и негува орхидејата?

Орхидеите растат скоро насекаде низ светот, освен во пустините и на Арктикот.…
Loading...