Booking.com

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во ролни и како се одржува тревникот за да изгледа позелено

Најдобро време за садење на тревата е на пролет или есен. Сепак, пред да започнете со работа, би требало најнапред да испланирате каква трева ви е потребна во вашиот двор и да направете пресметка на трошоците кои не се баш така ниски. Треба да имате во предвид дека поставувањето на тревата е само делумно завршена работа. Потребно е редовно да ја одржувате. Меѓутоа, да започнеме со ред!

Погледнете како правилно се поставува тревата во ролни:

Подготовка на подлогата за поставување на тревен бусен

Доколку на подлогата постои плевел, многу е важно за почеток земјиштето да се истретира со тотален хербицид. Потребно е да се почека 7-10 дена за да истиот почне да делува. После тоа, треба да се отстранат исушените остатоци од трева, а земјиштето грубо да се обработи со фреза. На крај доаѓа фина обработка со гребло.

Тревниот бусен треба да се одмота и да се постави до претходната ролна (тревен тепих) и добро се натапкува со раце по аглите. После тоа, потребно е да се помине со валјак по тревата за да се добие подобар контакт со почвата. После поставувањето на тревниот тепих, потребно е да се залива 2-3 пати на ден во летниот период или 1-2 пати во пролет и есен (наутро и навечер).

После поставувањето на тревниот тепих, се препорачува тревникот да се прихрани со азотно ѓубриво или гранули. Прихраната се врши еднаш во месецот. Секако, најважно е редовното косење – еднаш во неделата.

Кога се поставува тревникот

Тревата може да се поставува во текот на целата година, меѓутоа најдобро е да се сади и поставува во пролет или есен. Ова е најдобриот период за садење на било кои растенија.

Димензии на ролните

Димензиите на ролните може да бидат различни и најмногу зависи од димензиите на машината за сечење. Најчесто, ролните се широки околу 40 cm и долги до еден метар.

Цена на тревниот тепих

Цената на ролните т.е. тревниот тепих е со вклучена монтажа/инсталација и зависи од многу фактори – терен, оддалеченост и вкупна површина.

Ова го издвоивме за вас

Дали уредувањето и одржувањето на дворот е напор или задоволство?

Може да се рече дека денес сите сакаат да имаат убаво уреден…

Начини на подигнување на нов тревник

Најдобар период за подигнување на нов тревник е токму есента – почвата…

Вештачка трева, да или не?

Зелените површини од вештачки материјал сѐ повеќе се употребуваат, а тоа е…

Подигнување на нов тревник (сеидба)

Најдобро е семето на тревата да се сее на топло и влажно…
Loading...