Booking.com

Во текот на летото, градината станува вистинско продолжение на куќата и се смета како дополнителна дневна соба…

hortikultura.mk_garden furniture_1

Кога градината ќе се претвори во дневна соба, треба да се намести и удобен мебел за да се креира убава атмосфера за релаксација.

Како во дневната соба, така и на отворено, се собира целото семејство и поради тоа софата мора да биде поголема за да ги смести сите. Изберете шик софа модел и декорација со перници, а потоа додадете масичка и украсни предмети, истото што би го направиле и во дневната соба.

hortikultura.mk_garden furniture_2hortikultura.mk_garden furniture_3

Ако се прашувате кој е најдобар материјал за градинарски мебел, има многу голем избор – дефинитивно може да го одберете дрвото кое е безвременски материјал кој дава убав природен изглед и многу добро се усогласува со зелениот надворешен амбиент.

Исто така, постои мебел од ковано железо што дава шармантен и многу романтичен изглед и се вклопува со класични и современи стилови. Но, најтрендовски материјал е бамбусот и ратанот, кои се два природни материјали кои навистина ја стилизираат градината со нивниот модерен изглед.

hortikultura.mk_garden furniture_4hortikultura.mk_garden furniture_5hortikultura.mk_garden furniture_6hortikultura.mk_garden furniture_7

Секако, можете да ги намалете трошоците доколку купете градинарски мебел кој е имитација на бамбус и ратан.

hortikultura.mk_garden furniture_8hortikultura.mk_garden furniture_9

Ова го издвоивме за вас

Cocoon – модуларна монтажна викендица со кровна градина

Сезоната за одмори се ближи, а многумина од нас летниот период ќе…
Loading...