Booking.com

Малите урбани станови не се баш идеални за одгледување на растенија, меѓутоа постои решение и за нив…

hortikultura.mk_livi pots 1

Со „Livi“ – новите мини саксии и креативноста на пејзажните архитекти и дизајнери, градинарството тежнее да биде достапно за сите. Овие саксии можат да бидат закачени на секоја површина, било тоа да е прозорец, стакло или ѕид, што доста им помага на растенијата да ја добијат оптималната дневна количина на сончева светлина.

hortikultura.mk_livi pots_2hortikultura.mk_livi pots_3hortikultura.mk_livi pots_4

Според изјавата на главниот дизајнер Hooman Koliji, идејата се состои од внесување живот кај досадните, пренатрупани станови, посебно оние со ограничен простор на прозорските ѕидови. Овој комплет на саксии се состои од широк држач од 5 см, пластична капалка за вода и пакет од семиња од разни билки, сукуленти и цвеќе. Можете да одгледувате секакви растенија – од јагоди до босилек. Овие мини саксии доаѓаат во осум различни бои и се направени од рециклирана пластика и 3D печатач.

hortikultura.mk_livi pots_5hortikultura.mk_livi pots_6hortikultura.mk_livi pots_7

Livi е идеална опција за сите луѓе кои живеат во гарсониери или помали станови, бидејќи кога се користат, растението добива светлина која е потребна за развој, но во исто време не зазема премногу простор. Неколку Livi саксии можат да го претворат секој прозорец или обичен ѕид во прекрасна вертикална градина.

Loading...