Booking.com

Бонсаи не е само вид на дрво, туку уметност во одгледување на минијатурно дрво во мал сад…

 

hortikultura.mk_bons-ai_tdk_1

Филозофијата на одгледување на бонсаи е да воспостави рамнотежа помеѓу човекот и природата. Одгледувачот е посветен на овие мали дрвја и секоја година, преку нив ja доживува промената на годишните времиња.
Бонсаи дрвцата живеат подолго од луѓето, но секој знае дека бараат огромно внимание и посветеност.

Bons-AI е интерактивен демо производ, креиран од  познатата јапонска компанија TDK. Bons-AI е автономно мобилно бонсаи растение со вградена вештачка интелигенција.

hortikultura.mk_bons-ai_tdk_2hortikultura.mk_bons-ai_tdk_3

Редизајнирано во паметно дрво, ова бонсаи сега може и да се движи, со цел да пронајде подобра локација со сончева светлина. Може да издржи товар од 20 килограми. Индустрискиот дизајн, кој е наменет за некоја помодерна градина, ќе се вклопи во секоја традиционална градина.

Може дури и да се разговара со дрвото!

Дрвото понекогаш ќе побара и ваша помош: кога сензорите за влажност ќе сигнализираат дека земјата е премногу сува, дрвото ќе „прошета” до својот сопственик и ќе побара вода, така што ќе ја промени бојата на садот. Не само што ве предупредува кога е “жедно”, туку може да разговара со вас и да дејствува како паметен звучник.

hortikultura.mk_bons-ai_tdk_4hortikultura.mk_bons-ai_tdk_5

Bons-AI е опремен со сензор за почва, камера (за движење), сензор за движење (за стабилност), мали соларни ќелии, сензор за светлина, температура, безжичен полнач и микропроцесор.
Очекуваме да видиме што следно ќе ни понуди јапонскиот TDK. Можеби бонсаи кое самостојно ќе си ги крои гранките?

Loading...