Booking.com

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?

Па, не очајувајте. Ако му обезбедете доволно вода на тревникот и научете како правилно да го косете и користете, тревата ќе биде зелена и од двете страни на оградата (можеби и малку позелена на вашата страна).

hortikultura.mk_wimbledon trevnik_1

Сеењето на трева не е комплициран процес и ако се придржувате до едноставните совети, можете да постигнете многу добри резултати. Најдобро е тревата да се засее во пролет или есен, за да го добиете тој ефект од тревникот на тенискиот терен Вимблдон.

hortikultura.mk_wimbledon trevnik_3hortikultura.mk_wimbledon trevnik_4

Доколку засеете трева на пролет, не користете производи за контрола на плевелите. Таквите производи употребете ги откако најмалку трипати ќе го искосите тревникот.
Купете најквалитетно тревно семе. Само од најквалитено семе може да добиете квалитетен тревник.

Подготовка на земјиште

Прво, отстранете 5 см од површинскиот слој на почвата. Потоа, исчистете го теренот од каменчиња, гранки и други препреки, искршете ги поголемите грутки земја, така што ќе добиете рамна и чиста површина подготвена за садење. Посебно израмнете ги оние делови од земјиштето каде се собира водата. Избегнувајте префино обработено земјиште. После сеидбата на семето, наѓубрете го земјиштето со основно ѓубриво. Не користете пестициди пред сеидба, ниту после сеидба.

Доколку, сакате да освежите одредени делови од постојниот тревник, прво што треба да се направи е да ја искосите тревата најниско што може. Потоа отстранете 2 см од земјата на оние делови што сакате да ги освежите, така што ќе ја отстраните сувата трева и ќе го израмнете теренот. Користете ја постојната земја, бидејќи новата земја може да содржи семе од плевели. Наѓубрете го местото после пресејувањето со основно ѓубриво.

hortikultura.mk_wimbledon trevnik_2

Сеидба на тревно семе

Тревното семе расфрлајте го со рака и потрудете се еднакво да го распоредите. Избегнувајте да фрлете премногу семе, бидејќи доаѓа до борба за место и за хранливи материи и на оние места каде има премногу семе, тревата ќе биде слаба и тенка.

Покријте го семето со земја

Откако ќе го посеете семето, со гребло нежно и лесно изгребете ја земјата така што 2 см земја ќе го прекрива семето. Редовно одржувајте ја површината влажна, така што секојдневно ќе ја полевате додека тревата изникне некој сантиметар. Со редовно и умерено залевање на тревата, коренот ќе биде здрав и силен.

Првото косење на тревата треба да го направете кога ќе достигне висина од околу 8 см. На првото косење пожелно е тревата да ја скратите на околу 4-6 см, а за да го одржувате коренот здрав и јак, тревата треба да ја косете почесто, но никогаш пониско од една третина од нејзината должина. Најквалитетен тревник ќе добиете доколку го косете на висина од 3 см.

hortikultura.mk_wimbledon trevnik_6hortikultura.mk_wimbledon trevnik_7

Според професионалците и стручни лица, најдобар период за наводнување на тревникот е помеѓу 4 и 6 часот наутро, а вечерното залевање доведува до појава на болести кај тревата, додека, пак, доколку тревата се залева преку ден, тогаш големо количество на вода ќе испари. Најдобар и најрамномерен начин на залевање на тревата е систем со вградени прскалки во почвата.

ПРОЧИТАЈ: Како правилно да го косиме тревникот?

ПРОЧИТАЈ: Начини на подигнување на нов тревник

ПРОЧИТАЈ: Дизајн на тревник

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…

Начини на подигнување на нов тревник

Најдобар период за подигнување на нов тревник е токму есента – почвата…
Loading...