Booking.com

Шестиот Скопски цветен фестивал – под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“, ќе се одржи на 18 и 19 мај 2019 година (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел,  под мотото „Скопје цвета“.

Фестивалот ќе започне на 18 мај со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје (паркинг просторот) во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта.

Фестивалот свечено ќе го отвoри Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча, по што ќе следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.  За прв пат оваа година посетителите и љубителите на животни ќе имаат можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици како и можност да вдомат домашно милениче.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 30-ина изложувачи – цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија.

hortikultura.mk_sesti cveten festival 2019_1hortikultura.mk_sesti cveten festival 2019_2

ПРОЧИТАЈ: Најава на Петтиот Скопски цветен фестивал 2018

ПРОЧИТАЈ: Заврши петтиот по ред Скопски Цветен фестивал 2018

Loading...