Booking.com

Сигурно до сега многупати сте биле во дилема што да правите со растенијата кога се подготвувате за повеќенеделно отстуство…

hortikultura.mk_nimabarcelona_

Тогаш, доаѓате во ситуација да им дадете клуч на соседите или пријателите, со задача да внимаваат на вашите „зелени пријатели“ во текот на вашето отсуство.

Шпанското дизајнерско студио Nima Barcelona лансираше нов производ кој ги одржува растенијата во живот и до 3 недели. Carmen саксијата е дизајнирана со имплементиран Watair иригационен систем, кој го одржува растението нон стоп во контакт со вода, а коренот редовно си добива кислород. Саксијата се состои од два дела и во себе крие воден резервоар кој навремено го снабдува растението со вода.

Освен практичноста на саксијата, Carmen има занимлив пентагонален скулптурен облик, што ја прави совршен декоративен елемент во секој ентериер.

hortikultura.mk_nimabarcelonahortikultura.mk_nimabarcelona_1hortikultura.mk_nimabarcelona_2hortikultura.mk_nimabarcelona_3hortikultura.mk_nimabarcelona_4hortikultura.mk_nimabarcelona_6hortikultura.mk_nimabarcelona_7hortikultura.mk_nimabarcelona_8hortikultura.mk_nimabarcelona_9hortikultura.mk_nimabarcelona_10

ПРОЧИТАЈ: 6 уникатни саксии за сукуленти

ПРОЧИТАЈ: „Lyfe“ – саксии кои им пркосат на гравитацијата

ПРОЧИТАЈ: Саксии во форма на ЛЕГО коцки

Ова го издвоивме за вас

Професија на иднината: Пејзажен архитект

Пејзажниот архитект/ка го истражува природниот простор и животната средина и даваат совети…
Loading...