Booking.com

Данскиот бренд JYSK претстави нов асортиман на градинарски мебел со препознатлив потпис…

hortikultura.mk_jysk_1

Новата колекција е со едноставен луксуз, ја красат топли бои, различни модели инспирирани од природата, како и прочистени линии. Преку три теми – Hygge, Simplified luxury и Urban roots, носи иновативни трендови и дизајнерски решенија за опремување на екстериери.

Hygge зрачи со бохо стил, топлина и женственост. Simplified luxury е наменет за љубители на модерни, едноставни и прочистени елементи, додека Urban roots е ориентиран кон органски дизајн и природни материјали, каде што доминира дрвото.

hortikultura.mk_jysk_Hyggehortikultura.mk_jysk_Hygge_2hortikultura.mk_jysk_simplified luxuryhortikultura.mk_jysk_Urban_roots

До неодамна, надворешните простори во цела Југоисточна Европа, беа запоставени. Работите полека почнаа да се менуваат со процутот на туризмот, а во последните десет години започна да се негува и цени културата на живеење на отворено.

Во прилог на ова говори фактот дека продажбата на градинарскиот мебел на JYSK во текот на сезоната 2017 година се зголемил за 23 отсто во споредба со истиот период од 2016 година.

Со оглед на фактот дека данската култура на живеење се базира на поминато време на отворено и е важен дел од секојдневниот живот, оваа сезона JYSK одлучи да се стави посебен акцент на градинарскиот мебел и на тој начин да ги пренесе нивните вредности во нашиот регион.

hortikultura.mk_jysk_2

Многу често, обичните луѓе бегаат од секојдневниот хаос и пронаоѓаат мир во своите градини. Најмногу сакаме модерен, едноставен и елегантен стил на уредување на градината. Големо внимание се посветува на материјалите, ѕидните и подни облоги, како и зеленилото и растенијата. Преовладува скандинавскиот дизајн, но и класичните стилови, со употреба на многу дрво и природни материјали.

ПРОЧИТАЈ: Скандинавски балкони

ПРОЧИТАЈ: Тикoво дрво – популарно за изработка на градинарски мебел

ПРОЧИТАЈ: Колекција на мебел од ратан и плетена жица од Моника Армани

Loading...