Booking.com
Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на почвата, го намалува шумот и ја намалува температурата околу куќата во топлите денови. Основната нега подразбира нега на тревникот и борба против плевелите.

hortikultura.mk_suzbivanje na pleveli vo trevnik_2

Ретката трева кој подолго време не се обновува и досејува, прениското косење, неправилно засадениот тревник, неправилно прихранет тревник и уште многу други, се главни причини за раст и развој на плевелите во вашиот тревник. Доколку дозволете плевелите да се рашират, ги зголемувате шансите да ви го уништат тревникот.

Едногодишните плевели кои обично се појавуваат на нови тревници, може да се уништат со редовно косење и правилно одржување на тревниците.

Повеќегодишните плевели може да се сретнат во секој тревник. Не можете да се ослободете од нив со косење, но неопходна е селективна примена на хербициди. Треба да се биде внимателен кога се третира со хербициди, за да се спречи горење на тревникот. Најдобро, препуштете го третманот со хербицид на некое стручно лице.

hortikultura.mk_suzbivanje na pleveli vo trevnik_3hortikultura.mk_suzbivanje na pleveli vo trevnik_4

Тешко уништливи плевели – нив можете да ги уништите само со специјални хемиски препарати.

hortikultura.mk_suzbivanje na pleveli vo trevnik_5hortikultura.mk_suzbivanje na pleveli vo trevnik_6

Покрај примената на хемикалии, најефикасен начин е рачно да се откорне/пресече плевелот заедно со коренот со помош на остар нож.

hortikultura.mk_suzbivanje na pleveli vo trevnik_1

Мовта е еден од најголемите проблеми во тревникот. При формирање на мов, најголемо влијание имат неколку фактори: недостаток на ѓубриво, ниско косење, лоша дренажа, набиена земја. Пред да започнете со борба против мовта, треба да ја утврдите причината за нејзино појавување. За уништување на мовта постојат хемиски препарати кои ќе ви ги препорача стручно лице.

ПРОЧИТАЈ: Како правилно да го косиме тревникот?

ПРОЧИТАЈ: Начини на подигнување на нов тревник

ПРОЧИТАЈ: Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Погледнете го видеото и дознајте како најдобро да го заштитите вашиот тревник од досадните плевели:

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Начини на подигнување на нов тревник

Најдобар период за подигнување на нов тревник е токму есента – почвата…
Loading...