Booking.com

За да имате здрав тревник во престојниот есенски и зимски период, многу е важно да посветете малку внимание за да се подгответе подобро за периодот што следи и секако за следната година…

hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_1

Неопходно е да се извршат неколку битни работи, а најважните се следните:

1.  КОСЕЊЕ НА ТРЕВНИКОТ ВО ЕСЕН

Искосете го тревникот на некоја средна висина, веднаш штом ќе ви дозволат временските услови. Важно е тревникот да се коси само кога е целосно сув. После тоа, обавезно соберете го откосот, а доколку косете без корпа, тогаш со обично гребло соберете ја искосената трева. Доколку го оставете откосот на тревникот, ќе се создадат услови за појава на болести на самиот тревник и делумно распаѓање.

hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_3

2.  ПРИХРАНА НА ТРЕВНИКОТ

Една од најважните активности во есенското одржување на тревниците е прихраната со минерално НПК ѓубриво.Оваа постапка во никој случај не смеете да ја прескокнете, бидејќи во зимскиот период потребно е да се влезе со густ, здрав и зелен тревник. Прихраната се врши со минерално ѓубриво НПК кое споро се разложува и со најголем процент на калиум, помала содржина на фосфор и најмал процент на азот. Најдобро е да се врши со наменски ѓубрива за тревници.

Прихраната е многу важна бидејќи на тој начин се обезбедуваат доволно хранливи материи во тревникот во текот на зимата, а особено калиумот, што е неопходно за одржување на тревникот здрава состојба во текот на зимата (поради големата влажност).

hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_4hortikultura.mk_esenski-tretman-na-trevnik_5

3.  ДОСЕЈУВАЊЕ НА ТРЕВА

Есента е идеален период за досејување со тревно семе кај оштетените делови од тревникот. Оштетените делови од тревникот треба да се прекопаат, да се поминат со гребло и на тоа место да се посее тревното семе. Најдобро е да се користи семенска мешавина (тревни смески) од која бил претходно формиран тревникот или да се користи наменска мешавина за досејување. Фрленото семе се покрива со хумусна почва, се поминува со валјак и се залева.

Доколку штетите се поголеми, може да се санира со инсталирање на тревен тепих на оштетените места. И за овој начин на санација на оштетениот тревник, есента е идеален период и постапката за подготовка на теренот е иста како и при досејувањето.

hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_6

4.  ГРЕБУЛЕЊЕ НА ТРЕВНИКОТ

Гребулењето се врши за да се соберат паднатите лисја, исушената трева и остатоците од искосената трева. Опаднатите лисја што остануваат на тревникот подолг временски период, предизвикуваат гниење на тревникот и е голем проблем за одржување на неговата здрава состојба. Користете го греблото што почесто, за да ги отстранете лисјата.

hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_7hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_8

5.  ХЕМИСКО ТРЕТИРАЊЕ НА ТРЕВНИКОТ

Доколку на тревникот има индикација за појава на мов или други тревни заболувања, неопходно е да се спроведе хемиски третман со препарати што ги запираат тревните болести и појавата на мов. Оваа постапка треба да се препушти на експерти и стручни лица, за да се спречи уште поголемо оштетување на тревникот.

hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_9hortikultura.mk_esenski tretman na trevnik_10

ПРОЧИТАЈ: Како да добиете тревник како на Вимблдон?

ПРОЧИТАЈ: Начини на подигнување на нов тревник

ПРОЧИТАЈ: Подготовка на тревникот за зима

 

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…
Loading...