Booking.com

Доколку градината сакаме да ја направиме единственото место каде може да се релаксираме и уживаме, тогаш тревникот треба добро да се испланира и дизајнира. Тревните површини треба да бидат централниот елемент во нашие дворови за дизајнирање на самата градина. Обликот и големината на тревата директно влијае на изборот на тип на тревата како растение.

A garden design in Wimbledon by Kate Eyre Garden DesignОблик и дизајн  –  При изборот и подготовката потребно е да се направи предлог – план на хартија. При изработка на замислениот план пред сè мора да се земе во предвид големината на просторот. Секогаш треба да бидеме креативни и ограниченоста да ја оставиме на страна. Мора да имаме во предвид дека не секогаш тревниците мора да бидат во одредена форма. Формата може да ја наметнеме ние и да се вклопи во стилот на самата градина и станбениот објект. Секогаш треба да имаме во предвид дали планираме да оставиме простор за градинарски мебел, за забавен парк за децата и слично. Тревната површина може да ја направиме како патека збогатена со цветни леи и други декоративни цвеќиња. Секогаш кога сме доволни сигурни во себе може да започнеме со реализирање на нашите желби и идеи.

hortikultura.mk_dizajn_na_trevnik_3
Изглед на тревникот и дополнително уредување  –  Кога сакаме да ги уредиме тревните површини во дворот треба да бидеме слободни во своите идеи и креативност. Најчесто треба да екпериментираме со формата и длабочината на цветните леи кои ќе ги поставиме како рабови на тревникот или пак со дрвените греди кои ќе ни послужат како рабови и ќе овозможат одредена форма на зелената површина. Така поставената форма на површина која може да биде неодредена ќе овозможи интересен изглед на Вашата градина.

hortikultura.mk_dizajn_na_trevnik_4
Движење и пристап до тревникот  –  Зелените површини се едноставни за движење и пристап и потребно е да бидат пошироки што е особено важно во зимски услови. За разлика од патеките кои се направени од декоративни плочки, камени плочки и дрвена градба, тревниците овозможуваат поголема достапност до просторот.

hortikultura.mk_dizajn_na_trevnik_5
Декоративни украси  –  Кога сме во завршната фаза и имаме одлучено за формата и видот на тревната површина може да пристапиме кон декоративните украси кои ќе го збогатат изгледот на градината. Најчесто се поставуваат: статуи, декоративни фонтани, декоративни саксии во различни форми, базени и слично. Сличен ефект на декоративност може да добиеме и со растенијата и грмушките кои растат во неодреден и нестандардизиран облик.

Како да посадите тревник може да погледнете во нашите следни прилози …

hortikultura.mk_dizajn_na_trevnik_6

Garden Design

Ова го издвоивме за вас

Како правилно да го косиме тревникот?

За да добиеме густ тревник, најбитно е негово правилно косење. Ниту една…

Како да добиете тревник како на Вимблдон?

Дали мислите дека во соседниот двор, тревата е секогаш позелена од вашата?…

Трева во ролни: Како се поставува, одржува и колку чини (ВИДЕО)

Погледнете како се подготвува подлогата, на кој начин се поставува тревата во…

Како се сузбиваат плевелите во тревникот (ВИДЕО)?

Негуваниот тревник не е само убава декорација, туку ја спречува ерозијата на…
Loading...