Booking.com

Градинарските камини, без обзир на тоа дали се наоѓаат покрај базенот или некое друго опкружување, носат посебна аура на секој двор…
Дизајнот на градината е особено важен кога говориме за отворен простор. Кога говориме за дизајн на градина или двор, надворешниот камин е еден од елементите кои се неизоставни. Тоа е совршено место за опуштање каде може да се собере целата фамилија и пријателите на дружење. Надворешниот камин е совршен за оние кои обожаваат да го поминуваат своето слободне време надвор на отворено, дури и кога температурите се ниски. Тој создава посебна романтична атмосфера. Камините со модерен дизајн за отворени простори денес се нудат во бројни опции. Облиците и материјалите може да бидат најразлични – кружни или правоаголни, над земја или приземни.
Камините кои се инсталираат во градината може да бидат од метал, бетон, природен камен, а најголема предност е тоа што овој декоративен елемент зазема релативно мал простор и се погодни за мали градини.

Најголем ефект градинарските камини имаат кога се формира во комбинација со вода. Противречност на два елементи – оган и вода – можност да ги обедините и да создадете спектакуларен дизајн. Ако имате базен, потрудете се да го разубавите вашиот простор со модерен камин кој ќе ви овозможи да креирате незаборавен градинарски декор.
Можете да бидете сигурни дека таквата комбинација ќе биде центар на вашиот двор и предмет на дебати за сите ваши пријатели и посетители.

Погледнете ја галеријата од неколку современи дизајнерски идеи и одлучете кој е вашиот омилен камин …

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_2

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_3

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_4

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_5

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_6

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_7

hortikultura.mk_kamini_na_otvoreno_8

Loading...