Booking.com

Урмината палма (Phoenix dactylifera) одамна се одгледува на подрачјето на Западна Азија, Северна Африка и други тропски и суптропски предели. Особено се цени заради нејзините хранливи плодови.
Лесно се размножува и лесно се одгледува. Бара што повеќе сонце и топлина. Додека е сончево и топло бара повеќе вода, а во есен треба да се внесат во некоја затворена просторија (до +15ºС) за да не замрзнат. Права урма издржува до -10ºС. Преку зимата се залева помалку, за да не им се исуши земјата (еднаш на 1-2 недели).

hortikultura.mk_urma_palma_phoenix_dactylifera_2

hortikultura.mk_urma_palma_phoenix_dactylifera_3
Кога ќе приметите дека палмата излегува од саксијата тогаш е време за пресадување. Најдобро е да се пресади на пролет.
Ова е палма која лесно се одгледува како собна билка во наши услови. Од семето се добиваат млади растенија кои бавно растат првите 2-3 години, меѓутоа после даваат феноменален тропски изглед на нашите градини и тераси преку летниот период, како и на просториите во кои се чуваат во текот на зимата. Препорачливо е секое семе да се посее во посебен сад, во мешавина од песок и обична земја или земја за кактуси.
Младите палми се особено осетливи на пресадување и ако им се оштети коренот тогаш растението умира. Најпрво се сее во мали садови, а потоа постепено се пресадува во поголеми саксии бидејќи ако младите палми се посадат во големи саксии, надземниот дел ќе мирува, а ќе се развива само коренот.
Треба особено да се внимава да не биде изложена на провев бидејќи е многу осетлива како млада палма.

hortikultura.mk_urma_palma_phoenix_dactylifera_4

Loading...