Booking.com

Бамбусот спаѓа во групата на егзотични растенија и припаѓа на фамилијата Poaceae (фамилија на украсни треви), со потекло од Источна Азија, Кина и Јапонија. Како растение е особено прилагодливо бидејќи брзо расте, а е потребна мала грижа околу одгледувањето. Во зависност од видот на ова растение може да порасне од 1,5 – 10 метри височина. Средните видови растат во висина од 1,5-3 метри, додека пак големите бамбуси достигнуваат и до 10 метри височина.

Како едно од најкорисните култивирани растенија во светот се користи и како: храна, градежни материјали, и храна за животни. Постојат повеќе од 1200 видови на бамбус, но основната поделба е на гранолики бамбус и бамбус со компактен раст (без гранка). Бамбусот е едно од најпосакуваните растенија за одгледување бидејќи не бара многу светлина и може да опстои и во сад со вода.

hortikultura.mk_bambus_2

hortikultura.mk_bambus_3

Изберете го видот на бамбус

Пред да се одлучите да одгледувате бамбус во вашата градина, мора да знаете дали сакате жива ограда од бамбус или да засадите бамбус во сад. За жива ограда најсоодветен вид од ова растение е разгранет бамбус или бамбус со гранки. Додека пак за бамбус во сад најпогоден е збиен тип на бамбус.

Садење и пресадување на бамбус

Пред да почнете да одгледувате бамбус во градината, најпрво треба да ја подготвите почвата бидејќи карактеристично за овој вид на растение е дека не бара голема количина на вештачки ѓубрива. Во почетокот, непосредно по садењето, потребно е да се полева на секои два дена. Прв знак дека на растението му недостига вода е завивање на листовите. Бамбусот се зарежува по малку секоја година, а гранките кои растат странично потребно е редовно да се отстрануваат.
Ова растение не треба да биде изложено директно на сонце, туку доволно е и мала количина на светлина. Растенијата треба да бидат добро негувани, и доколку се забележи дека дел од листовите венеат тогаш се препорачува да се стави малку вода или да се отстранат овенатите лисја, за да може повторно да заживее.
Идеален период за садење на овој вид на растение е периодот од март до јуни во тековната година, бидејќи до започнувањето на зимскиот период коренот на растението ќе биде оформен и ќе може да опстои на ниски температури.

hortikultura.mk_bambus_4

hortikultura.mk_bambus_5

При одгледувањето или пред самото засадување на ова растение мора да бидеме сигурни за видот на почвата бидејќи може да дојде до зараза од одредени штетници или болести. Доколку постои некоја болест или штетници, се препорачува да се користат соодветни пестициди за нивно уништување.
Одгледувањето на ваков вид на растение може да доведе до визуелни промени во вашиот дом и градина. Погоден е особено за мали градини доколку се одгледува во мал сад и во домашни услови. Обликувањето на ограда од бамбус може да биде во хоризонтална и во вертикална насока.

Затоа топло препорачуваме да си создадате тропска средина и да уживате во ова прекрасно растение…Според Фенг Шуи, бамбусот претставува симбол на среќа во домот…

Започнете да одгледувате бамбус во сопствената соба и канцеларија заради поубав ден…

hortikultura.mk_bambus_6

Ова го издвоивме за вас

Спатифилум │ Елегантна собна билка за прочистување на воздухот

Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во…

Нова гвинеја: Цвеќе кое е атракција за секој балкон

Егзотично растение кое цвета од крај на февруари до доцна есен, со…

8 видови на цвеќиња со кои ќе уживате во летото

Уживајте во летното задоволство со мирисот на прекрасните цвеќиња… Некои видови на…
Loading...