КРЕАТИВНИ СТЕ И САКАТЕ ДА ПИШУВАТЕ?  БИДИ НАШ ДОПИСНИК

Креативни сте, потребно ви е искуство во пишување? Пријави се и стани дел од нашиот тим !

Потребни ни се дописници за нашиот интернет магазин од областа на хортикултурата, пејзажната архитектура и дизајн, одгледување на цвеќе и сите области од оваа сфера.

Што е потребно за да станеш наш дописник?

Потребно е да се пријавите на contact@hortikultura.mk со еден мал опис за себе (мотивационо писмо) и ваша биографија и работно искуство, што ви е специјалност и интереси (CV).

Опис на работата:

  • •  уредување на текстови
  • •  активно учествo во сите проекти на интернет магазинот hortikultura.mk
  • •  активно учество во сите настани во организација на интернет магазинот или настани на кои учествува тимот на hortikultura.mk

Услови:

•  студенти/дипломирани на пејзажен дизајн, пејзажна архитектура и озеленување

•  студенти/дипломирани на катедра за цвеќарство и градинарство

•  студенти/дипломирани на архитектура и дизајн

•  студенти/дипломирани на новинарство

•  спремност да се учи и напредува

•  способност да се работи во рок

Што е дописник?

Дописник е автор кој доставува важни информации за овој портал и оваа проблематика која е основата на интернет магазинот www.hortikultura.mk и истите вести ќе бидат обработени (граматички и естетски) од страна на администраторите и поставени на нашата интернет страна, секако јасно нагласено кој е автор на истата информација и вести.

Овој непрофитен магазин сака да создаде еден нов канал на информирање на јавноста од една друга перспектива и поглед на светот. Целта на овој проект е да им се пружи прилика на сите заинтересирани да креираат свои авторски содржини кои отстапуваат од нашето секојдневие. Сакаме да го подобриме квалитетот на информирање на публиката. Дописниците кои ќе бидат ангажирани ќе стекнат искуство во пишување за интернет магазин, а покасно ќе имаат добри референци, во случај доколку продолжат да пишуваат и професионално да се занимаваат со тоа.

Ако си креативен, забавен, имаш слободно време за пишување, цртање, фотографирање, пријави се на contact@hortikultura.mk, па можеби и ти ќе станеш дел од нашиот тим.