ИМАТЕ СЛОБОДНО ВРЕМЕ И ТАЛЕНТ ЗА ПИШУВАЊЕ?

Интернет магазинот hortikultura.mk ги повикува сите заинтересирани студенти/дипломирани на пејзажен дизајн, пејзажна архитектура, озеленување, градинарство и цвеќарство и новинарство или сите кои сакаат да станат новинари – дописници и да бидат дел од нашиот тим, да се пријават на contact@hortikultura.mk каде ќе може да достават своите податоци и кратка биографија (CV).

Ако имате талент за пишување или сте новинар кој има слободно време, пријавете се и станете наш соработник и искористете ја можноста со свои авторски текстови за професионално информирање и едуцирање на јавноста. Ви се нуди отворена можност за усовршување како новинар и развој на вашиот потенцијал.

Моментално нудиме волонтерска работа бидејќи овој проект функционира како непрофитен магазин, а секако доколку во блиска иднина прерасне во профитен, вашиот труд ќе биде финансиски награден.

За дополнителни информации прочитајте тука.