Booking.com

Престојните мразеви можат сериозно да ги оштетат кактусите и сукулентите на вашата тераса или балкон, па поради тоа најдобро е да ги внесете внатре на потопло место. Дознајте која позиција во домот е идеална за нив:
Време е да ги преселите растенијата од надворешноста во внатрешноста, за да можат повторно да цветаат и да растат следната година. Инаку, може да се случи да не дочекаат пролет и лето.

Имено, повеќето видови растенија што ги чувате на балконот или терасата не можат да презимат на отворено поради студот. Обично се отстрануваат пред првите мразеви или кога ќе се појават ниските температури и тогаш ги чуваме затворени до март или април. Ова важи и за кактусите и сукулентите кои бараат високи температури и сонце, така што првиот студ може да биде погубен за нив.

Затоа, крајно време е да ги преместите на потопло место. Доколку имате куќа, можете да ги задржите на скалите или ако сте во зграда и доколку станарите го дозволуваат тоа, можете да ги оставете во ходникот во станбената зграда во која живеете. Важно е дека просторот не треба да е студен и температурата не паѓа под 5°C.

Идеално место за нив би било стаклена градина, што и не е така невозможна мисија, бидејќи малопродажните синџири нудат мини оранжерии за неколку сезони за многу поволни цени. Ако тие не се премногу студени и светлината паѓа во нив, можете да ги ставите во гаража, подрум или на стаклена тераса.

Она што треба да се избегне е да се стави тегла директно на бетон – нека има некоја табла или полица помеѓу нив. Покрај тоа, важно е да не го менувате нивното место. Ако дури и на такви места почнат да пропаѓаат, причината може да биде честото отворање на прозорецот или вратата, преку кои влегува студениот воздух што им прави шок. Причината може да биде и фактот дека прозорецот покрај кој е сместен кактусот не дихтува баш најдобро и влегува студен воздух.

Друг битен фактор за успешно презимување на кактусите и сукулентите е сонцето. Ставете ги на прозорец или на сончево место, но малку подалеку од радијаторот, бидејќи може да ги исуши. Иако зимата е време на нивна хибернација, односно мирување, не заборавајте да ги залевате. Правете го тоа на секои 10 дена. Како по правило, колку растението има подебели и побројни лисја, толку е потребно повеќе вода.

ПРОЧИТАЈ: Зошто сукулентите се толку популарни?
ПРОЧИТАЈ: Познатиот зебра сукулент │ Haworthia attenuata
ПРОЧИТАЈ: Sempervivum | Чувар на куќата
Loading...