Booking.com

Алое вера е растение од групата на сукуленти кое потекнува од Северна Африка, Мадагаскар и Арапскиот Полуостров. Постојат повеќе од 250 видови на алое, но со најмногу лековити својства се само 3-4 вида. Најлековита е Aloe Barbadensis Miller, што ја открил ботаничарот Милер на островот Барбадос.

hortikultura.mk_aloe_vera_2
Алое успева во најтоплиот тропски појас. Целосно развиеното растение во просек е високо 75-120 сантиметри и има 12-15 листови, широки 10-13 сантиметри, дебелина 2-3 милиметри. Листовите се распоредени во форма на розета. Младите листови растат внатре високо, надворешните претставуваат стари листови. Еден лист тежи 1,5-2 килограми. Корењата на алое вера се релативно кратки и лежат само на земјата. Тоа е и причината што алое вера има потреба од многу вода. Но природата тука се обезбедила со многу големи резерви на вода и храна во форма на внатрешен безбоен гел.

hortikultura.mk_aloe_vera_3

hortikultura.mk_aloe_vera_4
Обично се берат само сосема зрелите листови откога ќе навршат 4,5 години старост. На ширината на листовите влијаат повеќе фактори, како ветер, временските прилики како и другите надворешни фактори. На плантажите на jужен Тексас, околу долината на реката Рио Гранде, садниците на алое се садат во редови, на оддалеченост од 60-70 сантиметри, што овозможува модерна, моторизирана обработка, берба и навремено транспортирање.

Алоето денес расте во државите на речиси цела Африка, Индија, Северна Америка, Калифорнија, Кина, Тексас, Аризона и Мексико. Денес може да се најде и на Хаваите и во Јужна и Средна Америка. Расте и во најтоплиот тропски појас, но не во деловите кај што владеат ниски температури (под нула), во тек на подолг временски период.
Алоето е познато како украсно растение, но и како саксиско растение кое се користи при дизајнирање на суптропски кактусни и камени градини и претставува одлична почвена покривка под високите тропски палми.

hortikultura.mk_aloe_vera_5
Ова растение има способност да апсорбира влага во себе и на тој начин преживува во регионите во кои дождовите се реткост.
Кога се одгледува во саксија, тогаш бара добро дренирана песоклива почва и сончеви услови. Алое може да „изгори“ при преголема изложеност на сонце. Најупотребувани и како најдобри досега се покажале теракотните саксии, бидејќи се порозни и добро ја дренираат водата.
Нетолерантно е на снег и мраз во зимскиот период. Во тие региони, најдобро е да се чува во затворен простор или во затоплени стакленици.

hortikultura.mk_aloe_vera_6

hortikultura.mk_aloe_vera_7

hortikultura.mk_aloe_vera_8

Loading...