Booking.com
Алстромеријата (лат. Alstroemeria) најчесто се користи при дизајнирање на цветни аранжмани и цветни букети за венчавки. Во букетите доминираат ружите и тие често се пропратени со алстромерија, фрезија и зелена хризантема.

Води потекло од Јужна Америка. Видовите на алстромерија кои водат потекло од Чиле растат во зима, а оние од Бразил растат во лето. Алстромеријата е перена која поради својата декоративност и скромни барања кон производните услови, како и отпорноста на фузариум, многу често се одгледува во заштитени простори, после каранфилот. Се одгледува во заштитени простори во најладниот период, кога треба да се обезбеди температура од 10°С.


Постојат неколку сорти на алстромерија: Alstroemeria aurea, како и сортите “Orange King“, “Venus”, “Mars” и “Saturn”. Кај сортите “Venus”, “Mars” и “Saturn” цветањето трае до есента.
Некои сорти, кои се мешавина на разни бои може и да се сеат од семе. Најдобар период за сеидба во контејнери е февруари, а директна сеидба директно во леи во мај. Расадот се одгледува на обработено земјиште, со додавање на тресет и арско ѓубре за да се обезбеди пропустливост, односно хранлив супстрат. На одредена и припремена почва се додава 5 см прегорено ѓубре, 5 см тресет и 5 см кора од дрво и сето тоа добро се меша и дезинфицира. После формирањето на леата, расадот се расадува на растојание 50х40 см или 50х60 см за повисоките сорти. Се сади од половината на септември до почетокот на ноември, а повисоките сорти од половината на ноември. Се разликуваат 2 термина на садење: есенско садење со цветење во април, мај и јуни и пролетно садење, со цветење на крајот на август до септември.

Квалитетниот расад кој се испорачува во саксии со пречник 8-10 см, се расадува на иста длабочина на која растел. Во период од 30 дена од расадувањето температурата треба да биде 16°C во текот на денот, односно 13°C во текот на ноќта, за растенијата подобро да се ожилат и да се обезбеди подобар расад. Во зимскиот период температурата на супстратот не смее да помине над 14°С, а во текот на летото повеќе од 20°С. Бара умерена температура и повисока релативна влажност на воздухот (околу 80%).


Потребите за вода се различни и зависат од фазата на развојот, сортата, почвениот супстрат и годишното време. Нема големи барања кон супстратите, па затоа се одгледува на песокливи и глинести супстрати со содржина на хумус 5-10% и рн 5,5-6,5. Видот е осетлив на недостаток на микроелементи, посебно на железо, чиј што недостаток предизвикува појава на хлороза.


Во текот на производството се врши гасификација, односно додавање на CO2, бидејќи концентрацијата од 0,12% го поттикнува цветањето, а влијае и на приносот. Не е растение на долг ден, но продолжувањето на денот во пролет го забрзува цветањето, но и тоа зависи од самата сорта.
Цветовите се берат во фаза на 2-3 отворени папки, трипати неделно со сечење на стеблата. Цветовите, во зависностод должината на цветната дршка и бројот на расцветани цветови се класираат во класи.

Совет: Во пределите со јака зима, најдобро е да ја посадите во саксија која ќе се вкопа во леа. Во текот на зимата саксијата ја вадите од земјата и ја ставате на ладно место каде нема мраз.

Loading...