Booking.com

И додека Франција воведе закон со кој сите нови згради и комерцијални зони делумно треба да бидат покриени со растенија или соларни панели, во Норвешка покривите се покриени со зеленило и тоа е еден од главните симболи на оваа земја и дел од традицијата со векови.
Високо во планините над местото Etne во Норвешка, изолирани од цивилизацијата, се наоѓаат колиби за ловци кои имаат необичен изглед и кои се осмислени од дизајнерското студио Snohetta.
Низ цела Норвешка може да се видат куќи со бујна вегетација на крововите кои се преливаат во околниот пејзаж. Густа зелена трева, цвеќе, па дури и дрвја, може да се видат на крововите на норвешките куќи.


Предностите на ваквите кровови се бројни. Покрај тоа што изгледаат интересно, овие зелени кровови се и долготрајни, пружат стабилност на градбата и обезбедуваат совршена изолација, што помага да се намали енергијата потребна за греење на куќата во текот на зимата и ладење во летниот период.
Во текот на средниот век, во времето на Викинзите, повеќето куќи во Норвешка имале кровови покриени со бусен трева. Таа традиција траела до 19 век, кога започнале да се заменуваат со керамиди, во подалечните и изолирани делови од земјата. Зелените кровови во поново време доживуваат права ренесанса. Норвежаните ги увиделе бројните предност од овие кровови и ја оживеале старата традиција. Многу културни институции и комерцијални згради имаат интегрирано зелени кровови во својот дизајн како алтернативен градежен материјал, а од 2000 година Скандинавското здружение за зелени кровови доделува годишна награда за најдобар проект за зелени кровови.

Loading...