Booking.com

Кон најважните градинарски, балконски и саксиски цвеќиња припаѓаат хибридите на Begonia semperflorens. Тие се поиздржливи од едногодишните растенија, иако во нивната татковина – Бразил, бегониите спаѓаат во едногодишни растенија. Во продажба можат да се најдат бегониите “парти”, кои се садат на големи површини во градините и за висечките саксии, како и за мешан расад, а, исто така, и големоцветните бегонии кои цветаат на стебло со височина од 30 см и кои се садат во големи садови за цвеќиња и во градини.

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_2

Кон ниските хибриди кои се со височина од 15 до 20 см, припаѓа сортата “скарлет”, со темнорозови цветови и со бронзени зелени листови, која обилно цвета и е наменета за области што се богати со дожд. Раноцветачкиот вид “линда” се карактеризира со темнорозови цветови.
Цврста во нејзиниот раст е сортата “хетерозис дерби”, со корално-розови цветови, кои никнуваат над свежите зелени листови, па потоа “хетерозис органди”, која е мешавина од типот 1.000 убавини и се состои од 10 различни бои и од 10 различни бои на зелените до темнозелени лисни сорти.

Се сее дома, од декември до февруари, на температура од 20 до 22°С и тоа во растресита хумусна почва со рН 5,5 – 5,6, а бидејќи бегониите им припаѓаат на сортите што ‘ртат на светлина, семките не се покриваат со земја туку само лесно се притискаат. Ваквите садови се поставуваат во суви и светли простории заштитени од провев. Во случај кога зимските денови се темни мора да се вклучи дополнително светло, кое ќе биде поставено на оддалеченост од 60 см. По 3 недели температурата треба да се спушти на 18°С. По 6 до 7 недели се избираат цврсти израстоци и на температура од 17 до 18°С се расадуваат на почва со супстрат и понатаму се расадуваат сè додека не постигнат доволно силни корења. За тоа време треба да има 16 см. Кој не сака да се занимава со ова може да набави готови расади на бегонии. Тие се расадуваат во средината на мај на растојание од 20 до 25 см во почви богати со хранливи состојки. Местото каде што се одгледуваат треба секогаш да е сончево, а во сувите денови мораат дополнително и доволно да се залеваат.

За убавица како бегонијата вреди да се потрудите, потребно е само да ѝ обезбедите место на балконот, во градината или во домот и во неа ќе уживате цело лето.

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_3

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_4

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_5

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_6

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_7

hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_8

Loading...