Booking.com

Божиќниот кактус (Schlumbergera truncata) потекнува од Бразил, каде во тропските шуми расте како паразит на крошните на дрвата. Кај нас се одгледува како саксиско растение кое цвета од декември до февруари, па од таму го добил и своето име. Со своите цветови кои може да бидат розови, црвени, портокалови жолти или бели се вбројува во еден од најубавите членковити кактуси.

hortikultura.mk_boziken_kaktus_schlumbergera_truncata_2

hortikultura.mk_boziken_kaktus_schlumbergera_truncata_3
За да цвета навреме мора да се води сметка за периодите на мирување и раст. Фазата на мирување доаѓа откако ќе прецвета во февруари. Во овој период залевањето е сведено на минимум, само колку да не се осуши. Кога ќе затопли времето, изнесете го надвор. Од август до првата половина на октомври треба воопшто да не се залева. Ако има свенат изглед не треба да се грижите. Потоа ставете го на светло место, во топла просторија и залевајте го сè повеќе. Кога ќе се појават мали пупки не смее да се преместува саксијата, бидејќи поради големи промени на температурата или провев може да паднат пупките.

hortikultura.mk_boziken_kaktus_schlumbergera_truncata_4
Поради слабо развиениот корен не треба често да го пресадувате. Се размножува многу лесно, со делење или со резници. Резницата ставете ја во плодна почва и по неколку седмици таа ќе биде закоренета. Ако божиќниот кактус не изгледа здраво, проверете дали има доволно светлина.

hortikultura.mk_boziken_kaktus_schlumbergera_truncata_5

hortikultura.mk_boziken_kaktus_schlumbergera_truncata_6

Loading...