Booking.com
Crassula е род на сукуленти кој има околу 1480 видови, од кои најпознат е Crassula ovata, a Crassula capitella се смета за еден од најубавите сукуленти…

Сите видови од родот Crassula имаат една заедничка карактеристика – сите имаат фасцинантен изглед.

Наша омилена е Crassula capitella или позната како црвена пагода (налик на будистички храм). Овој сукулент има меснати листови кои потсетуваат на пропелер, а во процесот на растење ја менуваат својата боја од зелена до јако црвена. Ова растение може да достигне висина до 15 см, а ширина до 90 см и да формира природна простирка.

Crassula се одгледува многу лесно и едноставно, меѓутоа многу често ја зафаќаат растителни вошки и габични заболувања. Доколку ја залевате премногу често, тоа ќе биде фатално за овој сукулент, па затоа е подобро земјата да остане сува, отколку превлажна.

Никогаш не смеете да ја оставете во вода. Подобро е да ја залевате од долната страна, така што ќе и дозволите сама да си прима вода колку што и е потребно, а вишокот на вода ќе го отстраните после неколку минути.

Не мора да ја пресадувате, меѓутоа доколку го направите тоа, тогаш ве советуваме да ја пресадите во летниот период. Кога ја пресадувате, дозволете земјата да се исуши, а потоа внимателно ја извадете. Исчистете ја земјата од корењата, отстранете ги иструлените делови пред да ја ставете во нова земја. Кога ќе ја ставите во нова саксија, раширете го нејзиниот корен и почекајте неколку дена пред да ја залеете со вода за првпат.
Доколку се чува на температура под -1°C, ќе се оштети. Затоа чувајте ја на топло и умерена температура, а во зимскиот период внесете ја внатре во домот.

И на крај, морате да се сложите дека ова е најубавиот сукулент што некогаш сте го виделе, зар не?

ПРОЧИТАЈ:  Sempervivum | Чувар на куќата
ПРОЧИТАЈ:  Sedum | Сукулентно растение за почетници

 

Loading...