Booking.com

Многу станбени згради имаат мали тераси кои би требало да бидат единствена мала градина на оние кои живеат во станот. Иако за вистинските градинарски активности нема место, сепак поставување на неколку саксии или жардиниери, ќе направат да се чувствувате пријатно и опуштено.
Аранжирањето на цвеќе, односно комбинирање на повеќе сорти или видови на цвеќе во една саксија ќе ја направат вашата тераса визуелно побогата и позелена.

hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_2 hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_3
Користење на повеќе саксии во различни големини, стилови и бои ќе го направи вашиот балкон подимензионален. Користете (доколку ви дозволува просторот) што повеќе лонци и жардиниери за џбунести растенија кои цветаат, мини дрвја, украсни треви и други растенија.
Боите на цвеќето во саксијата и жардиниерата треба фино да се дополнуваат. Украсните саксии ќе додадат дополнителен впечаток. Растенијата кои не цветаат имаат преубави лисја и може да дадат преубава позадина за цветање на другите растенија. Листовите може да делуваат како заштита на цвеќето од претерано изложување на сонце.

hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_4
Ползавците и оние растенија кои формираат „цветен тепих“ може да делуваат како заштитници на приватноста, што ви овозможува да уживате во вашата тераса во било кое време од денот.
Широките украсни лонци може да бидат погодни за различни видови на цвеќе. При мешање на саксиско цвеќе со низок раст со бршлен и растенија кои имаат повисок раст и цветна дршка, ќе се создаде слоевит цветен аранжман.
Освен комбинирање на растенија, комбинирајте и саксии. Околу поголемите жардиниери со крупни растенија, поставете неколку помали саксии со ист вид на поситно цвеќе. За заштеда на простор, се користат висечки саксии. Погодни се за одгледување на бегонија.

Висечките корпи кои нежно се нишаат на ветрот, за многу малку пари и со малку напор ќе ви обезбедат интересно естетското доживување.

hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_5 hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_6 hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_7 hortikultura.mk_cvetni_aranzmani_vo_saksija_8

Loading...