Booking.com

Фитонијата (лат. Fittonia) е лисно-декоративно, нискорастечко растение кое многу добро успева кога се одгледува во стаклени садови или терариуми. Има бујни зелени лисја со мрежовидни бели, розеви, црвени бои. Особено е декоративна крупнолисната фитонија со розеви или црвени лисни жили, односно шари, а бели лисни шари има видот Fittonia argyroneura. Џуџестата фитонија не бара премногу внимание и добро ги поднесува условите во дневната соба.

hortikultura.mk_fittonia_2
Постојат неколку видови, но најпознати се Fittonia argyroneura, Fittonia argyroneura nana, Fittonia albivenis, Fittonia verschaffeltii.
Фитонијата бара полусенка или сенка. Не издржува на директно сонце кое може да ги изгори листовите. Фитонијата бара топол и влажен воздух, а во текот на зимата треба да се оросува неколку пати дневно со млака дестилирана вода. Расте на умерено топло, со минимални температури од 15 степени.

hortikultura.mk_fittonia_3
Бара лесна и дренирана почва. Се залева обилно од пролет до есен, а во зима поретко. Без вода за неколку дена ќе се исуши. Почвата секогаш треба да биде умерено влажна. Во лето треба да се залева до 3 пати неделно, а во зима еднаш до двапати (зависи од температурата на просторијата и начинот на одгледување). Вода за залевање треба да биде мека и со собна температура. Од април до септември се прихранува со ѓубриво за зелени билки.

hortikultura.mk_fittonia_4
Брзо ќе се оживее со наводнување, но постои веројатност од пренаводнување на почвата и гниење. Први знаци за тоа се меките, жолтеникави лисја. Зима треба да се чува од изложување на влага и студ – сигурно е дека тоа ќе доведе до умирање на растението.
Се пресадува секоја година напролет. За пресадување се користи мешавина од плодна растресита почва со додаток на 15% речен песок. На дното од саксијата се става дренажен слој.
Се размножува преку стеблени резници при повисока температура и влажност или со делење на растенијата при пресадување.

hortikultura.mk_fittonia_5 hortikultura.mk_fittonia_6

Loading...