Booking.com

Фрезијата (лат. Freesia) потекнува од Jугоисточна Африка. Припаѓа на фамилијата Iridaceae. Има подземно стебло во вид на луковица обвиткана со лушпи.
Фрезијата се размножува од луковицата, поретко со семе. Луковиците се садат во саксии или сандачиња поставени во стакленик на температура 18-20°С. Луковиците се садат во септември/октомври за да би цветале во февруари или во ноември/декември за да цветаат во март/април. Ако ги засадите во април ќе цветаат во август, а ако ги засадите во јуни ќе цветаат во декември. Се садат во земја помешана со песок на длабочина од околу 5 см и на растојание од 10 см. Фрезијата цвета 12 недели после садењето. Цветовите на фрезијата можат да бидат во жолта, бела, црвена, розева и сина боја.

hortikultura.mk_frezija_2

hortikultura.mk_frezija_3
При одгледувањето на ова растение влажноста на воздухот треба да биде умерена, онаа на супстратот постојана, а растението заштитено од директната сончева светлина. Во време на цветањето се зголемува полевањето и прихранувањето. Се залева само наутро. Кога растението ќе прецвета и кога ќе се исуши, т.е. кога ќе почнат првите мразеви, луковиците треба да се извадат од земја, да се исчистат и да се чуваат на суво, проветрено ладно место до наредното садење.

hortikultura.mk_frezija_4
Фрезијата е многу ценета како сечен/режан цвет, бидејќи нејзините цветови траат подолго во вода и цветаат постепено, а се употребува и во различни цветни аранжмани со други видови цвеќиња.

Ова цвеќе, кажано со јазикот на цвеќињата, симболизира невиност и пријателство…

hortikultura.mk_frezija_5

hortikultura.mk_frezija_6

Loading...